ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Британски „Економист“: Вучиќ е на колена

June 20, 2025 11:59
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕГИОН
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Според британскиот неделник „Економист“, со месеци долготрајните масовни демонстрации предводени од студентите, кои се покажуваат како многу отпорни, длабоко го потресоа српскиот претседател Александар Вучиќ, кој владее со земјата од 2012 година.

Во написот објавен на веб-страницата на британскиот неделник, Вучиќ е опишан како „балкански насилник“, со оценка дека е „на колена“, пренесува Н1.

Британскиот неделник наведува дека студентите во Србија мора да одлучат „дали ќе дипломираат оваа година или ќе одат до крај во обид да го соборат Александар Вучиќ од власт“.

„Студентските демонстрации што започнаа во текот на зимата не стивнуваат и станаа инструмент за изразување отпор кон претседателот. Демонстрациите досега не успеаја да го соборат од власт, но ниту тој не успеа да ги смири“, се вели во текстот „Лидерот на Србија, Александар Вучиќ, длабоко потресен“.

Во текстот, кој ќе биде објавен утре во печатеното издание на „Економист“, се потсетува дека протестите започнале откако 16 лица загинале кога паднала бетонска настрешница на железничката станица во Нови Сад.

Британскиот неделник додава дека студентите одбиле да соработуваат со добро познатите, но слаби опозициски партии, велејќи на почетокот дека сакаат само правда и подобро управување со земјата, но дека неодамна почнале да бараат предвремени избори.

Економистот наведува дека Вучиќ владее со Србија од 2012 година, бил влијателна личност и под Слободан Милошевиќ, и преживеал неколку бранови протести во претходните години, вклучувајќи демонстрации против контроверзниот план за рударство на литиум – кој Европската комисија го вклучи овој месец на списокот на проекти од стратешко значење за Европската Унија.

„Србија, кандидат за членство во ЕУ, под власта на Вучиќ успева да одржува пријателски односи со Русија, иако ја снабдува Украина со оружје. Неговата владејачка партија функционира како клиентелистички механизам – им обезбедува работни места на своите поддржувачи во замена за гласови. Исто така, ги контролира сите водечки медиуми“, се вели во текстот.

Економистот потоа наведува дека најновите протести го потресле Вучиќ и дека ги обвинува студентите дека се странски платеници и зборува за мистериозен обид за државен удар.

„Либералните невладини организации се цел на напади бидејќи добиваат средства од странство. Во последните десет години, ЕУ донираше 64 милиони евра за иницијативи на невладини организации. Но, ова е само дел од она што ЕУ ѝ го даде на владата за модернизација на Србија како целина“, се наведува во него.

Според Економист, „Егзит, голем музички фестивал во Нови Сад, кој ја врати Србија на културната мапа на светот по балканските војни, остана без државно финансирање поради поддршка за студентите, а овогодинешното издание ќе биде последно што ќе се одржи во Србија“.

Весникот пишува и дека партијата на Вучиќ едвај успеала да победи на локалните избори на 8 јуни во Зајечар и Косјериќ, каде што претходно освои речиси 80 проценти од гласовите, и дека Вучиќ затоа одбива да се согласи на предвремени избори.

Ј. Ѓ.

 

Tags: ВучиќЕкономист
Next Post

Во Косово четири активни потерници за Милан Радоичиќ, тој сè уште е на слобода

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk