Утре официјално започнува летото. Утрешниот ден ќе биде најдолгиот ден во годината т.н летен солстициум.
Негде околу 4 часот по полноќ официјално започнува летото. Веќе следниот ден денот ќе почне постепено да се скратува, а ноќта да се продолжува, пишува Скопско астрономско друштво на својот фејсбук профил.
Тие споделуваат фотографија на која се гледа движењето на сонцето во текот на целата година, фотографијата е направена во Скопје, а нејзина авторка е Александра Дамчевска.
Сонцето на своето патување по небесниот свод изгрева и заоѓа на различни места на хоризонтот. Во зима, во декември, заоѓа најјужно, додека за време на рамнодениците во март и септември изгрева точно на исток и заоѓа точно на запад. Во јуни, кога почнува летото, сонцето заоѓа најсеверно – на северозапад, појаснуваат од астрономското друштво.
Тие велат дека фотографиите на Александра Дамчевска се правени на ист ден во месецот, иако е тешко да се погоди ведро време јасно се гледа поместувањето на точката на зајдисонце на западниот хоризонт.
Преземено: Нова ТВ