ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицкоски: Успеавме да го амортизираме ударот од политичари во Брисел кои сакаа да го нанесат врз македонскиот идентитет

June 22, 2025 16:44
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА

Очекувам силна порака од Европскиот парламент за македонскиот идентитет и за македонскиот јазик. Деновиве добив вознемирувачки информации за една силна активност на одредени политичари во Брисел. Успеавме да го амортизираме ударот, кој што повторно некој сакаше да го нанесе врз македонскиот идентитет и јазик. Сепак, огромното мнозинство таму застанува зад нашите аргументи. Ние ќе се бориме против оние кои што изминатите седум години ја ограбија и понижија државата, порача премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски, кој денеска присуствуваше на пуштање во употреба на реконструираниот регионален пат Понов мост-Богданци, одговорајќи на новинарско прашање, посочи дека откако ја добил информацијата за една силна активност на одредени политичари во Брисел, имал организирана активност со министерот за надворешни работи, при што успеале да го амортизираат ударот, кој повторно некој сакал да го нанесе врз македонскиот идентитет и јазик.

-Јас успеав да контактирам со сите од Брисел и мислам дека успеавме некако да го амортизираме оној удар, кој што повторно некој сакаше да го нанесе врз македонскиот идентитет и јазик, доформулирајќи го, дообјаснувајќи го со модерен или сегашен, само да се обидат да креираат некоја нова нација, а со тоа да го нарушат и кредибилитетот на самата ЕУ. За жал, постојат и такви членови на Европскиот парламент, но среќа за нас што огромното мнозинство таму, застануваат зад нашите аргументи. Ние ќе се бориме против оние кои што изминатите седум години ја ограбија и понижија Македонија, рече Мицкоски.

Тој подвлече дека секогаш ќе се борат да ја кажат вистината која ја чувствуваат граѓаните, на сите средби во Берлин, Брисел, Лондон или Вашингтион.

-Ние се бориме да ја кажеме нашата вистина за Македонија, вистина која што ја чувствуваат граѓаните без разлика дали е тоа во Берлин, Брисел, Лондон или Вашингтион. Очекувам силна порака од Европскиот парламент за македонскиот идентитет и за македонскиот јазик, рече Мицкоски.

Прашан за коментар во врска со денешната трибина на СДСМ насловена „Македонија понижена – Една година Влада“, Мицкоски порача дека сето она на кое што работат овие денови, е токму исплата на сите долгови наследени од оваа партија.

-Слушнав за денешниот настан, кој што опозициската СДСМ го организира, каде ќе ја брендираат својата партија, а со тоа и самиот настан како „понижена Македонија“. Јас мислам дека конечно Фројд во полно светло работи во опозициската СДСМ. Таму претпоставувам има неколкумина, кои што имаат развиено силно чувство на Стокхолмски синдром, кога жртвата се вљубува во ловецот. Па така и тие од СДСМ, политичката партија која што ја понижија, упостошија и разграбија Македонија, денеска зборува за понижена Македонија. Денес Македонија полека, но сигурно станува горда. Сето она кое што го работевме изминативе година дена, беше токму затворање на дупки и исплата на сето она кое што го наследивме од овие кои што ја понижија Македонија, тоа е опозициската СДСМ и ДУИ, рече Мицкоски.

Како што рече, од нивното доаѓање на власт исплаќаа пензи и плати, кои беа неисплатени и непредвидени од СДСМ.

-Тоа не беше пречка да постигнеме историски договор со просветните работници, со здравствените работници, да реализираме проекти кои што тие не успеаја да ги реализираат, да почнеме нови проекти, од 1 200 до 1 500 градилишта. Сето она кое што ние го правевме оваа година, беше исправање на се она кое што тие го понижија, украдоа и омаловажија. Треба уште многу работа бидејќи штетата е огромна, но важно е дека полека но сигурно надежта и чувството на гордост меѓу граѓаните се враќа, додаде Мицкоски.

Тој потенцира дека веќе нема да има прифаќање на се што ќе ни се сервира на маса, нема да се прифаќаат билатерални спогодби и договори кои што се на штета на македонскиот идентитет.

Tags: ЕУМицкоски
Next Post

Фрчкоски: Досега немало влада со полошо владеење

НАЈНОВО

Ристески: ВМРО-ДПМНЕ и Општина Аеродром бегаат од одговор за долговите на училиштата и градинките

August 11, 2025

Макрон: Израелскиот план за преземање контрола врз градот Газа е подготовка на катастрофа

August 11, 2025

Астронаутите сведочат: Животот во Вселената засега е речиси невозможен

August 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Окупација во 45 слики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажните ветувања на лажните патриоти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал во Демир Хисар – Адвокатот Стеваноски: Еве како се менува доректорка на средно училиште пред распишување на избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Иванка Трамп го купила островот Сазан во Албанија за над милијарда долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за изјавата од Меџити дека УЧК имале праведна војна: Не може убиства од заседа да се праведна борба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk