ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Јаневска: МОН посветува внимание на инклузијата на учениците со посебни потреби

June 24, 2025 14:51
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

МОН со стручните тела посветуваат многу внимание на инклузијата на учениците со посебни потреби, а резултатите стануваат видливи, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска на панел-дискусијата по повод една година од мандатот на оваа Влада – „Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа!“

Соопшти дека конкурсот за образовни асистенти е отворен, а во врска со нивниот недостиг на почетокот на  минатата учебна година, појасни дека децата со посебни потреби имаат различни потреби и оти не значи дека секое треба да има сопствен образовен асистент.

-Понекогаш е многу корисно да имаат сопствен образовен асистент, кој не е  исто како личен асистент, но некогаш е подобро и самостојно да работат и затоа е предвидено образовниот асистент да работи со едно, две или со три дечиња. Немаме пропусти во спроведувањето, напротив, се трудиме што е можно подобро тоа да го направиме, рече Јаневска.

Посочи дека самите родители понекогаш имаат своја проценка што им е потребно на нивното дете наспроти она што е препорачано согласно Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ).

-Постои еден притисок кој  родителите го прават на МКФ, МОН и на училиштето за сопствена проценка за потребата од образовен асистент. Имаме и спротивни ситуации – каде што МКФ ќе предложи одредена процедура – колку дена да е детето во училиштето, колку да е во ресурсниот центар, па не се спроведува. Ова се многу комплексни и комплицирани процеси кои, за жал, во минатото беа сведени на целосна инклузија и целиот проблем беше сведен на родителот и на ученикот. Ученици кои не постигнуваат никаков успех, макар и само животни вештини – оти имаме и такви деца кои треба да добијат само животна вештина, а ние сме ги ставиле во училиште каде што треба да решаваат математички задачи или да пишуваат есеи, рече Јаневска.

Во врска со состојбата со несоодветен наставен кадар во средното училиште за ученици со оштетен слух „Партенија Зографски“ во Скопје , за кое Народниот правобранител во анализа констатираше дека само неколку наставници го знаат знаковниот јазик, Јаневска рече дека е запознаена со проблемот.

-Немаме стандардизиран знаковен јазик, но тоа не е пречка. Имаме многу малку наставници кои го знаат знаковниот јазик. Познат ни е проблемот, во предвид ни е да го решаваме. Ние може да ставиме во договор дека секој наставник од тоа училиште мора да го знае јазикот, но немаме таков кадар.  Битно е дека знаеме и дека имаме план и ќе го спроведуваме. Не можам да гарантиран за времето зашто ова се процеси, бара време, но сигурна сум дека до крајот на мандатот и за ова ќе имаме решение, додаде Јаневска.

Next Post

Стоилковиќ: Меѓуетничките односи се стабилни

Shortcut

Најново

Петрит Сарачини

Зошто јавноста ги третира поинаку невладините кадри на функции во времето на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ? 

August 20, 2026

Филипче: СДСМ бара минимална плата од 600 евра – законот го поднесуваме повторно во Собранието

August 20, 2026
Фото: Влада

Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

August 20, 2026

Филм „Џган“ на Вардан Тозија слави 10 години, проекција на отворената катна гаража во Скопје Сити Мол

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Крвавиот биланс расте по рускиот напад врз цивилни цели во Кијив: Спасувачите пребаруваат урнатини, има најмалку 14 загинати, според дел од извештаите и повеќе

August 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk