Оние што успеаја да вкусат барем еден залак од понуденото богато програмско мени, преполно со светски специјалитети, многу добро знаат дека ова не беше само „уште едно издание на OFFest“, велат организаторите на фестивалот кој траеше од 5 до 8 јуни на три сцени, во Националната опера и балет и во МКЦ.
Организаторите испраќаат благодарност во прв ред на артистите: Драган и Ратко Даутовски, Canzoniere Grecanico Salentino, Kimmo Pohjonen, Maria Joao, Vieux Farka Toure, Florence Adooni, Julia Kozakova, Mordai и Lufthansa, на целиот вреден фестивалски тим, дизајнерот Зоран Кардула, соработниците, поддршката и сите кои придонесле за 24. издание на OFFest.
Тука беше и специјалниот четиригодишен проект на ЕУ, . Да сме живи и здрави, можно е („Македонија- и се е можно!“) и догодина да се дружиме на ОФФест со раскошното звучно богатство што го поседува музиката на светот! На јубилејното, 25-то издание на фестивалот, напишаа од OFFest на својот Фејсбук профил.
И споделија фотографии од фестивалските вечери за кои е заслужна.
Фотографии: Татјана Ранташа