Германскиот министер за финансии Ларс Клингбајл презентирајќи ги плановите за трошење на владата, денеска вети дека неговата земја ќе ги зголеми трошоците за одбрана на 3,5 проценти од бруто домашниот производ (БДП) во 2029 година.
Коалицијата на канцеларот Фридрих Мерц ги протурка плановите на парламентот за дозволување на повеќе воени трошоци со ублажување на строгите правила за задолжување дури и пред да ја преземе функцијата во мај.
Ова беше направено пред дводневниот самит на НАТО што започна денеска во Хаг, каде што целта на алијансата за воени трошоци треба да се зголеми од два проценти на 3,5 проценти од БДП, плус уште 1,5 проценти за потенцијални трошоци за инфраструктура поврзани со одбраната.
Клингбаил рече дека трошоците за одбрана ќе достигнат 2,4 проценти од БДП во 2025 година и дека Германија „ќе ги зголемува трошоците чекор по чекор за да ја достигне целта на НАТО од 3,5 проценти во 2029 година“.