ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Меџити: Во тек е постапката за купување на 110 електрични автобуси, заменети се старите системи за греење

June 25, 2025 15:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Лани почна имплементација на најголемиот инфраструктурен проект – подобрување и реновирање на системот за водоснабдување и канализација во 80 општини во земјата. Исто така, во Скопје се гради еден од најголемите и најважни проекти на деценијата во оваа област, тоа е станица за пречистување на отпадни води, во тек е процесот за усвојување на новиот Закон за воздух и обезбедени се шест еколошки автобуси, информира денеска на прес-конференција министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, по повод одбележувањето на една година од формирањето на Владата.

Како што посочи, во овој период е развиен институционален пристап кон животната средина, односно таа не се гледа како секундарен сектор, туку како стратешко поле со директно влијание врз јавното здравје, економскиот развој и европската интеграција на земјата.

-Во текот на минатата година почна имплементација на најголемиот инфраструктурен проект во овој сектор – подобрување и реновирање на системот за водоснабдување и канализација во 80 општини во земјата, со финансиска поддршка од 50 милиони евра од Европската инвестициска банка. Овој проект претставува долгорочна структурна интервенција со директно влијание врз подобрување на квалитетот на животот и заштита на водните ресурси, рече Меџити.

Тој напомена дека во урбаната животна средина се преземени значајни чекори по онос на третманот на отпадни води.

-Во Скопје се гради еден од најголемите и најважните проекти на деценијата во оваа област, станица за пречистување на отпадни води. Во Битола почна изградба на нова станица, додека во Тетово, Штип, Велес, Виница и Кочани во тек се тендерските постапки за изградба или обнова на постојните системи. Паралелно, првпат беше усвоен Планот за чист воздух 2024-2030, документ кој утврдува јасни цели и конкретни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот, со финансиска поддршка од 10 милиони евра од ЕУ, додаде министерот.

Како што најави, во тек е процесот за усвојување на новиот Закон за воздух, со цел целосно усогласување со европските директиви.

Меџити рече и дека како дел од истиот стратешки правец, обезбедени се шест еколошки автобуси и заменети се старите и неефикасни системи за греење во Скопје, Битола, Куманово и Тетово, што значително придонесува за намалување на емисиите на загадувачите. Најави дека е во тек постапката за купување на 110 електрични автобуси кои што ќе бидат распоредени на различни урбани средини.

-Системите за мониторинг на квалитетот на воздухот се зајакнати со поддршка од ИПА проектите. Воведени се построги контроли врз индустриските капацитети со интегрирани еколошки дозволи и креирани се локални планови за управување со загадувањето. За да се гарантира транспарентност и институционална ефикасност, зајакнат е Инспекторатот за животна средина и подобрени се механизмите за следење на клучните индикатори, рече Меџити.

Тој посочи дека друг важен сегмент е изградба на регионални центри за управување со отпад, со финансиска поддршка во вредност од 55 милиони евра, од Европската банка за развој.

Овие центри, како што посочи, вклучуваат изградба на санитарните депонии, станици за трансфер, зелени точки и постројки за компостирање, поставувајќи основа за интегриран, сигурен и одржлив систем.

-Овие интервенции се придружени со развојот на Националната стратегија за управување со отпад 2024-2036 во соработка со ЕУ, како и подготовките за функционална рамка за циркуларна економија, која има за цел намалување на отпадот, поттикнување на повторна употреба на материјали и развој на зелени бизниси, додаде тој.

Меџити напомена дека заштитата на биодиверзитетот е зајакната преку проширување на заштитената територија од 11,5 на 13,9 отсто.

-Објавен е Национален парк Шар Планина. Завршија документите за прогласување на Јабланица и беше извршена повторна проценка на паркот Маврово. Процесите се усогласени со европските директиви „Натура 2000“, со двојна цел – заштита на природата и климатска акција. Сите општини добија капитални дотации за еколошки проекти, базирани на објективни критериуми како бројот на жители, инфраструктурни потреби, а не врз основа на тоа која партија ги води со цел да се обезбеди правилна и транспарентна распределба на јавни фондови, додаде министерот.

Тој истакна дека работата е фокусирана на усогласување на актите со директивите за квалитетот на воздухот, управување со отпадот и индустриските емисии, како и на подготовка на нов Закон за просторно планирање и Закон за индустриски емисии  и климатски активности.

Како што посочи, во текот на годината засадени се повеќе од шест илјади дрва во урбаните средини, прогласени се нови заштитени подрачја и потпишани се договори со општините за спроведување на проекти во рамки на потпрограмата  во вредност од 628 милиони денари.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: електрични автобусикупувањеМеџити

НАЈНОВО

Во Велика Британија украдена виолина стара околу 280 години

June 25, 2025

(ВИДЕО) Нова видеоигра „Титаник“, каде што треба да се избега од бродот

June 25, 2025

Измени на Законот за воздухопловство, предлог да се зголеми на шест години финансиската поддршка за нови авиолинии

June 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вучиќ фатен со рацете во медот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Трамп повторно ја одби понудата на Путин за помош со Иран: Ми треба помош со тебе

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Предавство“ – Трамп, Хегсет и Виткоф за протекувањето на разузнавачки информации што ги поткопaа нападите врз иранските нуклеарни постројки, инсистирaат дека тие се „збришани“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и тужбата против Џабир Дерала: Случај што го разгорува прашањето за слободата на медиумите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Нешто непознато“ го погоди клучниот руски објект за беспилотни летала во Таганрог во бранот напади на украински дронови во повеќе региони на Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk