ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Средба на Гаши со делегација на Големото турско национално Собрание: зачестената комуникација – потврдено силното пријателство

June 25, 2025 14:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши денеска ја прими Делегацијата од Меѓупарламентарната група за пријателство Турција – Северна Македонија, на Големото турско национално Собрание, која престојува во тридневна посета на земјава.

Како што информираат од собраниската прес-служба, на средбата на претседателот Гаши со турските пратеници било заклучено дека во последната година е интензивирана билатералната комуникација на повеќе нивоа, како уште една потврда за големото и традиционално пријателство меѓу двете држави и народи. Претседателот Гаши во оваа прилика изразил благодарност за помошта од Турција за лекување на повредените во трагедијата што се случи во март годинава во Кочани.

Тој исто така се заложил за понатамошно продлабочување на парламентарната соработка, посочувајќи на можноста за интензивирање на комуникацијата меѓу работните тела кои покриваат исти области во двата парламенти.

Претседателот на Меѓупарламентарната група за пријателство Турција – Северна Македонија, на Големото турско национално Собрание, Ахмет Килич нагласил дека во последните неколку месеци се нотира сериозно интензивирање на билатералните средби на високо ниво, што придонесува во понатамошно унапредување на односите.

Зборувајќи за економските односи, Килич истакнал дека во овој дел веќе е поставена нова цел, откако трговската размена на меѓу Северна Македонија и Турција ја надмина границата од една милијарда долари.

На средбата биле разменети и мислења за улогата на турската заедница во земјава, за турските инвестиции, како и за можностите за унапредување на соработката во уште многу други области, како образованието, здравството или турзмот.

Next Post

Вучиќ фатен со рацете во медот

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Ливерпул со спектакуларна победа го отвори првото коло во Премиерлигата

August 15, 2025

Почнаа разговорите меѓу Трамп и Путин

August 15, 2025
Фото: Профил на Х, Карл Билд

Карл Билд: Каква порака сака да испрати Лавров  кога се појави во Алјаска со маица на СССР?

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Уапсени демонстранти во Нови Сад на колена, со лисици и главите потпрени на ѕидот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: 11 часа по објавата на кандидатурата за градоначалничка, полицијата ми врачи кривична пријава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште еден отказ на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk