Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија на Обединетите нации (МААЕ), Рафаел Гроси, изјави дека соработката на Иран со оваа организација е обврска.
„Соработката на Иран со МААЕ во врска со неговата нуклеарна програма останува обврска за иранските власти“, рече Гроси во интервју за француската државна телевизија Франс 2 откако иранскиот Парламент вчета гласаше за прекин на соработката со МААЕ.
Гроси рече дека соработката на Иран со МААЕ не е услуга, туку законска обврска на официјален Техеран сè додека Иран е потписник на Договорот за неширење на нуклеарно оружје (НПТ).