ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

На Денот на знамето на Кримските Татари: Слобода и правда за Вилен Темерјанов

June 26, 2025 16:16
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ, ФРОНТ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

На овој Ден на знамето на Кримските Татари, не само што оддаваме почит на национален симбол — туку упатуваме повик за правда.

Вилен Темерјанов, новинар и граѓански активист од кримскотатарско потекло, и понатаму е во затвор под контрола на руските окупациски власти. Неговиот „престап“? Тоа што ја зборува вистината за животот под окупација.

На овој ден, кога Кек бајрак (Kök Bayraq), светлосиното знаме со златна тамга, се вее пред Министерството за надворешни работи на Украина, и во срцата на милиони луѓе ширум Украина и светот, ве повикувам уште еднаш да го кренеме и гласот за оние што се замолчени поради нивната храброст. Вилен е еден од нив. И не смееме да молчиме.

„Злосторство“ – новинарство во окупираниот Крим

Роден во селото Вилне, во округот Џанкој на Крим, Вилен реши да се посвети на документирaње на секојдневната репресија врз неговиот народ по незаконската анексија на Крим во 2014 година.

Работеше како дописник за Grani.ru, независен медиум забранет во Русија и на окупираните територии, и беше активен член на Кримска солидарност, граѓанска иницијатива за поддршка на жртвите на политичко прогонство.

Во окупираните делови на Украина, новинарството се третира како велепредавство. Кој известува за неправдата – ризикува сѐ. Вилен го знаеше тоа. И сепак не престана.

Претрес, апсење, молк

Гонењето на Вилен започна многу пред неговото конечно апсење. Во ноември 2021 година, беше приведен само затоа што известувал за мирното дочекување на адвокатот Едем Семедлиаиев, кој претходно бил незаконски приведен. Таквиот чин на солидарност, за режимот, претставуваше „опасност“.

На 11 август 2022 година, руските сили извршија претрес во домот на Вилен. Следниот ден беше уапсен, а подоцна лажно обвинет за „учество во терористичка организација“. Неговиот вистински „престап“ беше тоа што известувал за полициски рации, судски процеси и за отпорот на Кримските Татари.

Психијатриска тортура: Ужасен метод за мачење од времето на Советскиот Сојуз

По апсењето, Вилен беше притворен во истражен затвор во Симферопол, каде што беше подложен на принуден психијатриски „третман“ – ужасна тактика од времето на Советскиот Сојуз.

Овој метод, кој е забранет според меѓународното право, служи за дискредитација и психолошко кршење на противниците на режимот. Противниците се етикетираат како „ментално болни“, институционализирани и подложени на тортура: седативи, изолација, психолошко малтретирање, па дури и електрошокови.

Подоцна, Вилен беше префрлен во Ростов-на-Дон, длабоко на руска територија, каде што, според последните познати информации, и денес се наоѓа во притвор. Непознати се околностите во целост, но последно што се дозна е дека требало да му се суди во Јужниот окружен воен суд заедно со уште петмина Кримски Татари. На колегата Вилен му се заканува казна до 20 години затвор.

Фактот дека режимот инсистира на судски процес, само покажува дека казнената психијатриска тортура не го скршила.

Знаме, глас, народ кој одбива да исчезне

На Денот на знамето на Кримските Татари, националното знаме на коренскиот народ на Крим се вее пред Министерството за надворешни работи на Украина.

Ова знаме — кое во минатото се вееше во егзил — денес е симбол на враќање, достоинство и отпор.

Вилен Темерјанов е дел од тој отпор. Тој не е заборавен. Тој не е сам. Тој е уште еден симбол на стремежот за слобода.

Режимот на окупаторот се обиде да го замолчи. Но гласовите како неговиот не исчезнуваат. Тие повторно се креваат – преку секој акт на солидарност, секој раскажан збор, секој слободољубив човек што одбива да молчи.

Ова не е само битка на Вилен – ова е наша битка

Приказната на Вилен не е изолирана. Низ окупираниот Крим и другите територии под руска контрола, новинари, адвокати, наставници и обични граѓани се гонети само затоа што се осмелиле да зборуваат.

Ги повикувам новинарите, активистите, политичарите и слободољубивите луѓе ширум светот:

Застанете! Споделете ја приказната на Вилен. Побарајте негова слобода. Побарајте вистина наместо терор.

На овој Ден на знамето на Кримските Татари, да запомниме:

Не можеме да ги почитуваме симболите ако ги игнорираме луѓето што стојат зад нив. Не можеме да славиме слобода, ако ја забораваме борбата на оние што ја изгубиле поради храброста да ја бранат.

Новинарството не е злосторство. Барам слобода за Вилен Темерјанов! Барам слобода за сите политички затвореници!

Крим е Украина!

#FreeVilenTemeryanov

Преземено: Цивил Медиа


Next Post

Мбапе го тужи Пари Сен Жермен за психолошко малтретирање

НАЈНОВО

Независните кандидати меѓу политички игри и институционални бариери

August 18, 2025

Зеленски: Руските напади врз Украина се циничен обид за попречување на мирот

August 18, 2025
Фото: Википедија

„Рајанер“ отвора нова база на аеродромот во Тирана – повеќе од 450 летови неделно до вкупно 33 дестинации во 13 земји

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk