ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Решението лежи во делотворно востание на духовите

June 28, 2025 10:50
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРИЧКОВСКИ, ФРОНТ
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Вморонската театарска дружина, која мнозинството ја доживува како режим (комитите имаат режим на дефекација меѓу буките, но тие самите никогаш не можат да бидат режим, туку само бандити; со малку напор, бандитите можеме да ги замислиме како револуционери кои серат, а со дополнителен напор и како револуционерни говна кои се виткаат во форма на Македонија која испарува) ја мери љубовта кон Македонија со износот на тоа од што сме спремни да се откажеме: Од мозокот како орган на комуњарското ропство, од емпатијата како чувство кое непотребно ја расејува националната енергија, од моралот кој нѐ кочи во акциите, од солидарноста, од убавото, од македонството како фин културен и национален контекст кој тие го заменуваат со одбранбени линии од ровови на лудите војводи со јулијански ѕвездички.

Кај нив идејата за љубовта кон Македонија расте со опаѓањето на сопството на Македонецот.

Кое сега е само еден градус над нулата.

Мене ми е страв од некого кој би бил спремен поради мене да се откаже од сѐ.

Како што вморонот бара Македонецот да се откаже од сѐ, а најмногу од себе.

Битката за националните интереси како единствена пиеса во која учествува целокупниот ансамбл на чипираните идиоти, се игра, затоа што е јасно дека одбраната закономерно, односно неизбежно и континуирано ја гризе националната супстанца како солната киселина засушените остатоци од говна во тоалетната чинија на Македонецот.

А истовремено е алибична.

Пропаѓаме како резултат на еден таков проект, а не на грешките и неукостите на комитите. Престанете да ги анализирате како такви.

Тие се неуки и глупави, во тоа нема сомневање, но тоа не значи дека не се добра материјална сила на распаѓањето.

Вмороните се големи метални топки за уривање на македонската дивоградба.

Која во оваа фаза се вика „систем“.

Повеќе ми е срам од резилот на пропаѓањето отколку од самото пропаѓање.

„Решението лежи во делотворното востание на духовите.“

Рекол Сен Жист.

А Де Сад рекол дека „востанието мора да биде непрекината состојба на Републиката“ и ги повикал Французите на уште еден напор ако сакаат да бидат републиканци.

Зошто го пишувам ова?

Нагласувам: востание на духот (макар што Сент Жист го одржувал тој дух и со отсечени глави, мислам дека ние можеме и без гилотина, хахаха), дополнителен напор, идеја и цел (одбрана на републиката).

Кај нас целта би била уште повисока и истовремено поелементарна: одбрана на Македонците како луѓе и на луѓето како Македонци, бидејќи тие се специјални жртви на проектот и на сите луѓе и нации како граѓани.

Ми се чини дека е постигнато национално единство околу тоа дека Македонија ја владеат идиоти.

Сератори и говњари.

Големи метални топки.

И тоа сознание го споделуваат и најзапалениге вморони.

Односно тие што беа запалени, а сега се истинати со тоа што нивото на оксигенизацијата им е под 90 што значи дека нивните тела се испразнети од живот.

Мораме да ги туриме во барокомори и да не заборавиме по некое време да ги извадиме.

Низ сличен забрзан третман на ментална рехабилитација мораат да поминат и неутроните.

Полека се расчистува и маглата од емоции зад која се крие вистината за поморот на македонскиот род (Коцарев) откако тие што треба да умрат прво ќе се произведат во идиоти.

Смртта е така полесна, дури и поубава.

Први сме на Балканот и петти во Европа по економски раст!

И тоа со најтенките.

Од премиерот и претседателката, па до последното говно во власта.

Јас мислам дека решението да се игра со кретени не е случајно.

Приказните на Мицко за неверојатните економски подвизи и неговата анализа на пожарите кои ги горат шумите затоа што нема крави да ја пасат тревата е дијамант во круната на македонската смрт!

„Розова ѕвезда” на македонскиот кретенизам.

Гога беше во Хаг на саем на лалето што се вика НАТО.

И се забавуваше како дете на вртелешки.

Шири паника дека со северна се брише родословието и идентитетот не само на неа, туку и на сите нејзини баби и прабаби кои, меѓутоа, останале Македонки дури и кога ги прекрстувале нив, а не државата, понеже, држава немало.

Мислам дека не случајно при секое излегување прави будала од себе.

Така сите нѐ прави будали.

А тоа е идеја.

Незрели, вештачки, фолклорни, симпатични и слатки глупаци, заостанати во развојот.

Извештајот на Европскиот парламент ќе биде точно таков каков што некои центри бараа од Мицкоски кој инсистирал во тој или некој друг документ да се дадат гаранции за македонскиот јазик и идентитет: Македонците ќе бидат откриени како нов вид на членковидни црви.

Добро, не баш така, но така некако.

Модерни, за да може да се каже – не!

Одбраната ќе заврши со срамен пораз.

Односно со успех на вмро и Мицкоски.

Слушам дека и Бугарите бараат резолуција за својот идентитет и јазик.

Офаманаман дојде до драфтот на тој документ во кој се вели: Бугарскиот културен идентитет вклучително и јазикот и азбуката, извираат од македонското јадро кое векови потоа комунистите го откинаа од бугарскиот корпус и од него направија нација и јазик кои лажно ги прикажуваат ај како посебни ами и како стари со векови. Тоа јадро е аристократичен дел на бугарското постоење низ вековите. Македонците сега се формирани како посебна нација, ние тоа го почитуваме, но бараме и тие да ја почитуваат нашата историја и раната што ја оставиле со ампутацијата од бугарското тело и душа!

Тоа е, драги пријатели.

Триесет и пет години ви кажувам каде и како ќе завршите со вмро, уште ли не верувате!?

У курац!

Слушајте го Сен Жист, Де Сад и Де Тричко!


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.
Next Post

Разбојничка кражба во фризерски салон во Битола, осомничениот во бегство

НАЈНОВО

Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

August 15, 2025

Собранието закажа итна седница за измени на Изборниот законик, иако изборите се веќе распишани

August 15, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Јулија Навалнаја до Путин: Ослободете ги сите политички затвореници

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Уапсени демонстранти во Нови Сад на колена, со лисици и главите потпрени на ѕидот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште еден отказ на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: 11 часа по објавата на кандидатурата за градоначалничка, полицијата ми врачи кривична пријава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk