ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Белград, протести и паралели: Меѓу симболите од минатото и потрагата по иднината

June 29, 2025 14:20
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

На 28 јуни 2025 година, Белград беше сцена на уште еден голем протест против власта. Според проценките на српското МВР, 36.000, а според Асошиетед прес до 140.000 граѓани се приклучија на студентите кои го предводеа протестот под мотото „Се гледаме на Видовден“. Овој протест е продолжение на речиси осуммесечниот револт низ цела Србија, што започна по трагичниот колапс на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, а што се припишува на корупцијата и небрежноста на власта.

Барањата на демонстрантите за објавување на сите податоци од истрагата на новосадската трагедија и правда за жртвите, еволуираа во барања за предвремени избори – за нив власта на претседателот Александар Вучиќ е нелегитимна.

Во исто време со протестот, поддржувачи на Вучиќ организираа контрапротест пред Парламентот, познат како „Ќациленд“. Претседателот го отфрли ултиматумот на студентите да се согласи на предвремени избори до 21 часот, а во своите изјави продолжи да обвинува „странски фактори“ за дестабилизацијата.

Протестот почна мирно на плоштадот Славија, но вечерта ескалираше. До судири дојде кај Пионирски парк, каде што беа приведени неколку десетици лица, а повредени беа неколку полицајци. Властите и претходно приведуваа студенти и опозициски активисти под обвиненија за заговор и тероризам, што беше оценето како груба злоупотреба на власта и заплашување.

Во текот на тензичната вечер, додека во Белград полицијата и демонстрантите разменуваа солзавец, пендреци, лисици и шок бомби од едната, а камења, метални шипки и шишиња од другата страна, му се јавив на мојот колега Љубомир Костовски, политички аналитичар на ЦИВИЛ МЕДИА и главен уредник на онлајн магазинот Глобус. Разговаравме за развојот на настаните и перспективите во Србија и направивме паралели со состојбите и процесите во нашата земја.

Видовден, симболичен датум во српската историја (битката на Косово, 1389), дополнително го засили значењето на протестот. Може да се претпостави што значи овој избор на симболи и што допрва ќе значи тоа во иднина. Љубомир е оптимист – тој гледа позитивна демократска иднина на Србија. Иако многу сакам да е во право, јас сум, сепак, претпазлив.

Џабир Дерала / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Клоп откри дека можел да стане селектор на германската репрезентација пред ЕП 2024

НАЈНОВО

Трајановски: Целосно ќе го запреме урбанистичкиот терор и бетонизацијата во Аеродром

October 2, 2025

Дерала, Касале и Џозеф од Рим: Демократијата мора да се брани – со обединета Европа против војната, национализмот и авторитаризмот

October 2, 2025
Генерирано со ВИ

Лидерот на военото крило на Хамас во Газа го отфрли планот на Трамп за прекин на војната

October 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Минималната плата во Албанија ќе биде 520 евра, за Мицкоски и 400 евра биле многу

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Елка Јачева Улчар: Вистина е дека не е познат авторот на кирилицата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Српски пасоши за Руси – нова алка во руското влијание на Балканот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски најави 100 милиони евра во инфраструктурни проекти за Кочани и регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реџепи, Лимани и Османи со јасна предност – две победи во прв круг, една во вториот круг на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk