ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Евробарометар: Над 81 отсто од Европејците поддржуваат постигнување климатска неутралност во ЕУ до 2050 година

June 30, 2025 15:31
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ЗЕЛЕНА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Големо мнозинство Европејци, односно 85 отсто, веруваат дека климатските промени се сериозен проблем, покажуваат резултатите од новото истражување на Евробарометар објавени денеска, јави дописникот на МИА од Брисел.

Според анкетата, 81 отсто од испитаниците ја поддржуваат целта на ЕУ за постигнување климатска неутралност до 2050 година, а 77 проценти од нив се согласуваат со ставот дека цената на штетата предизвикана од климатските промени е многу поголема од инвестициите потребни за транзиција кон нулто ниво на емисии на штетни гасови.

Дури 85 отсто од Европејците сметаат дека справувањето со климатските промени треба да биде приоритет за подобрување на јавното здравје и квалитетот на животот, а 83 проценти дека подобрата подготовка за негативните влијанија од климатските промени ќе го подобри животот на граѓаните на ЕУ.

Вкупно 38 отсто од анкетираните европски граѓани се чувствуваат лично изложени на ризиците и заканите поврзани со животната средина и климата, при што над половина од нив доаѓаат од земјите од Јужна Европа, Полска и Унгарија.

Дека ЕУ треба да преземе мерки за зголемување на употребата на енергија од обновливи извори сметаат 88 отсто Европејци, а ист толкав процент веруваат дека е важно ЕУ да работи на подобрување на енергетската ефикасност, на пример со охрабрување на луѓето да ги изолираат своите домови, да инсталираат соларни панели или да купуваат електрични автомобили.

Околу 75 отсто од анкетираните веруваат дека намалувањето на увозот на фосилни горива ќе ја зголеми енергетската безбедност и ќе и донесе економска корист на ЕУ, 77 проценти дека мерките против климатските промени ќе поттикнат иновации, а 84 отсто се согласуваат дека треба да им се даде поголема поддршка на европските компании за да бидат конкурентни на глобалниот пазар за чисти технологии.

Дури 92 проценти од испитаниците изразиле подготвеност за преземање индивидуални климатски активности, но само 28 отсто веруваат дека со тоа ќе можат значително да придонесат за справување со климатските промени. Европејците сметаат дека справувањето со климатските промени, пред се треба да биде задача на националните влади – 66 отсто, на ЕУ – 59 проценти, на бизнисите и индустријата – 58 отсто и на регионалните и локалните власти – 44 проценти.

Вкупно 84 отсто од Европејците сметаат дека климатските промени се последица од човековата активност, 52 проценти се на став дека традиционалните медиуми не даваат јасни информации за климатските промени и нивните причини и влијанија, а 49 отсто веруваат дека е тешко да се направи разлика помеѓу веродостојни информации и дезинформации поврзани со климатските промени.

Анкетата била спроведена од 18 февруари до 10 март 2025 година и со неа биле опфатени 26.319 граѓани од сите 27 земји членки на ЕУ, пренесе МИА.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЕвробарометарЕУклиматска неутралност
Next Post

СДСМ: Што ќе правите кога ќе ги промовирате сите проекти на СДСМ, патот Фариш-Дреново беше 90% направен

НАЈНОВО

Скриншот

(ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

October 3, 2025

Герасимовски: Имаме 120 хигиеничари кои деноноќно работат заради нефункционалноста на Комунална хигиена

October 3, 2025
Фото: СДСМ

Филипче од Струга: Со конкретни мерки ги штитевме граѓаните во секоја криза, ВМРО-ДПМНЕ ги остави сами

October 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Струмичанката Тина Русева блесна на „The Voice of Germany“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Изјавите на Мицкоски за Кочани се апсолутен недостаток на емпатија и се на граница на социопатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk