ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН СЦЕНА

„Massive Attack“ на „Skopje Calling 2025“ – аудиовизуелна инјекција на совест и звук

Massive Attack уште еднаш потврдија дека музиката не смее да биде само лежерна позадина на секојдневието – таа мора да биде на првата линија на одбраната на човечноста. Во време на глобализирана апатија и комерцијализиран хедонизам, нивниот настап во Скопје беше потсетник дека уметноста сè уште може да биде оружје на свеста, отпор, глас на замолчените.

June 30, 2025 14:30
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СЦЕНА
Share on FacebookShare on Twitter
Јане Алтипармаков. Фото: Лени вон Гелева

Пишува: ЈАНЕ АЛТИПАРМАКОВ

Осврт кон настапот на Massive Attack на Skopje Calling 2025 – аудиовизуелна инјекција на совест и звук.

Во еден од највпечатливите концерти што Скопје ги доживеало во последниве неколку години, легендарната бристолска група Massive Attack синоќа на фестивалот Skopje Calling 2025 ја преточи својата визија за светот во аудиовизуелно доживување, поддржано со авангардна продукција, силни визуелни пораки и бескомпромисна политичка нарација. Настапот дефинитивно беше нешто повеќе од само музички настан – своевидно искуство, сведоштво и повик за будење.

Централна оска на концертот беше репертоарот од нивниот култен албум Mezzanine, чија трепетлива структура, продорни бас-линии, индустриски ритми и психоделични звучни слоеви беа дополнети со етеричниот вокал на Elizabeth Frazer од Cocteau Twins. Нејзиното присуство внесе маглива меланхолија и интимна тишина среде сета бучава, особено во изведбата на фаворитот Teardrop.

Незаменливиот Horace Andy донесе длабочина и органска топлина во изведбата на хипнотичната Angel, во која неговиот реге-вокал ја претвори болката во отпор. А кога беше изведена антологиската Unfinished Sympathy, нивниот прв вистински хит, се случи момент на колективна резонанца. И оваа изведба на хит песната уште еднаш го покажа уникатниот спој на чувствителност и урбана епика, пренесувајќи љубов, загуба и надеж во една симфонија.

Но Massive Attack се многу повеќе од звук. Нивниот настап отсекогаш бил политички чин. И овој пат, визуелниот дел беше речиси немилосрден: проекции од разурнати градови, деца во бегство, црно-бели сцени од палестинската трагедија, пораки против милитаризмот, цензурата и медиумската манипулација. Публиката беше сведок на уметнички отпор – јасно и директно формулиран. Солидарноста со палестинскиот народ беше изразена без задршка, како и критиката кон актуелниот општествен и политички поредок. Во свет во кој молкот е комфорен соучесничк, а стравот неизбежна компонента, Massive Attack зборуваат гласно и не секогаш пријатно – и токму затоа се неопходни.

Музиката на моменти како да добиваше и физички облик, преминувајќи во синеестетско искуство – каде што звукот станува боја, движењето се претвора во светлина, а сликата во чувство. Во тие мигови, концертот се оддалечи од трип-хоп корените и влезе во просторите на постпанкот, амбиенталната електроника и психоделичната музика. Сè се слеа во еден вид на урбана литургија, во која слушателот е учесник, сведок, соучесник.

Massive Attack уште еднаш потврдија дека музиката не смее да биде само лежерна позадина на секојдневието – таа мора да биде на првата линија на одбраната на човечноста. Во време на глобализирана апатија и комерцијализиран хедонизам, нивниот настап во Скопје беше потсетник дека уметноста сè уште може да биде оружје на свеста, отпор, глас на замолчените.

Во ноќта кога градот сонуваше со отворени очи, Massive Attack ни подарија нешто повеќе од добар концерт – ни дадоа причина повторно да поверуваме дека уметноста има смисла, дека не сме сами, и дека вистинската слобода започнува тогаш кога ќе се осмелиме да се отвориме – кон себеси, кон другите, кон искуството.


Преземено од ФБ профилот на Авторот

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Massive AttackЈане Алтипармаков

НАЈНОВО

За еден ден во Појасот Газа убиени се 71 човек

June 30, 2025

Сиљановска-Давкова од Севиља: Потребно е фер финансирање за да се справиме со глобалните предизвици

June 30, 2025

Мицкоски до Кос: Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан признание за новата енергија со која Владата ги води реформите

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански медиуми: Обвинетите за Бањска го обезбедуваа Вучиќ за време на протестите; Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение за воени злосторства против двајца Срби; Прво рочиште во Специјалниот суд за случајот „Партизани“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски да одговори кои претставници од владата го застапуваат проектот „српски свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk