Циклон-бомба ја погоди најнаселената држава во Австралија, Нов Јужен Велс, носејќи обилни дождови и силни ветрови, принудувајќи ги авиокомпаниите да ги откажат домашните летови од Сиднеј, а наредена е и евакуација на крајбрежните области.
Властите денеска предупредија дека делови од државата може да очекуваат влошување на времето во следните 24 часа, со до 250 милиметри дожд и нветрови со јачина до 125 километри на час.
Министерот за вонредни ситуации, Џихад Диб предупреди на прес-конференција дека ситуацијата може да се влоши.
На жителите на крајбрежните области им беше кажано да се евакуираат поради предупредувања за мали поплави и лизгање на земјиштето.
Квантас ервејс откажа најмалку 11 домашни летови од Сиднеј, додека Вирџин Австралија откажа 12, соопшти аеродромот во Сиднеј.
Досега нема откажувања на меѓународни летови.
Циклонот бомба е систем со низок притисок кој брзо се формира и предизвикува голем пад на притисокот за краток временски период, соопшти метеоролошката служба.
Се очекува системот да се движи кон Тасманското Море утре и да ослабне до четврток, велат метеоролозите.
Метеорологот Хелен Рид рече дека штетните ветрови и бранови ќе продолжат до утре, а предупредувањата се уште се на сила.
Таа додаде дека циклонот ќе продолжи да слабее во петок, а подоцна во текот на неделата се очекуваат само изолирани врнежи од дожд по должината на источниот брег.