Порталот А1он, (не)намерно или за дефокус на јавноста објави соопштение (најверојатно) на ВМРО-ДПМНЕ, со наслов: СДСМ: Која е целта на Филипче со разгорувањето тензии?
„Веќе трет ден изминува, а СДС и Венко Филипче уште громогласно молчат. Ги нема збор да кажат, да го осудат или да се дистанцираат од јавните закани по живот на новинар од страна на нивниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, велат од СДСМ“, пишува А1он.
Истиот текст е објавен и на Фејсбук страната на А1он.
Со ваков дезинформирачки наслов и текст се добива впечаток дека има „пуч“ во СДСМ и дека членството го саботира лидерот Венко Филипче.
Вакво соопштение нема на официјалниот сајт на СДСМ ниту на нивната Фејсбук страница.
ЦМДТ
Преземено: Цивил Медиа