ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ бара истрага: Кој нареди да се повлече обвинението против Максим Димитриевски?

July 3, 2025 12:51
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

– СДСМ најостро реагира на скандалозниот чин на Кумановското јавно обвинителство, кое само пет дена пред завршните зборови во судска постапка, без никакво објаснување повлекло обвинение против градоначалникот Максим Димитриевски. Ова е скандал без преседан, класичен пример за партизирано судство и селективност, изјави Соња Тодоровска, Секретар на ОО СДСМ Куманово.

„Обвинителство под контрола на власта, кое не работи во интерес на правдата и граѓаните, туку во интерес на политички договори, закулисни игри и заштита блиски до власта.

Случајот бил воден повеќе од една година, со конкретни обвинувања за злоупотреба на службена положба, за неисполнување на службена должност во врска со издавање дозвола за градба, со нанесена штета од над 3 милиони денари.

Сега, без нови докази, без промена на фактите, обвинителството едноставно се откажува.

По чиј налог?

Повикуваме на итна истрага во самото обвинителство – кој го донел решението за повлекување на обвинението и со какви мотиви?

Кој притискал, договарал и овозможил оваа фарса?

Кој го штити Димитриевски и зошто?

Ова е класичен пример за неправда – ова е прикривање на одговорност. Обвинителите од тефтерчињата мора да сносат одговорност.

Без независно и непристрасно обвинителство, нема ниту правна држава, ниту доверба во институциите.

Овој срам пред правдата, направен во Куманово и уште еден доказ дека судството е под капата на ВМРО-ДПМНЕ и нивните сателити.

Ова е неправда. Граѓаните заслужуваат вистинска правда, а не селективност“, истакна Тодоровска.

Основниот суд Куманово донесе пресуда со која обвинението против кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски се одбива, бидејќи јавниот обвинител се откажал од обвинението, соопшти кумановскиот суд.

-Основниот суд Куманово заради интерес на јавноста за постапката по предметот на Основен суд Куманово К-115/24 против обвинетиот М.Д. од Куманово за кривично дело-злоупотреба на службената положба и овластување од чле. 353 ст. 4 в.в. со ст. 1 од КЗ, известува дека на ден 1 јули годинава, донесена е пресуда со која обвинението се одбива согласно на член 402 ст. 1 т. 3 од Законот за кривична постапка, затоа што јавниот обвинител со поднесок од ден 30 јуни годинава се откажа од обвинението, соопшти Основен суд Куманово.

Градоначалникот Максим Димитриевски беше обвинет лани во април за „злоупотреба на службената положба“, затоа што Советот донесе суспензија на детален урбанистички план. Во рочиштата кои беа одржани изминатив период, сопственици на градежни компании  се жалеа дека имаат штета донесена од суспензијата. Градоначалникот кажа дека ги штити интересите на кумановци, бидејќи изградбата на комплексот згради во централното градско подрачје помеѓу гимназијата и школската амбуланта ќе го наруши хуманото живеење. Завршни зборови беа закажани за утре.

Поврзано:

Одбиено обвинението против Максим Димитриевски, обвинителството се откажа од обвинението

 

Tags: Максим ДимитриевскиобвинителствоСДСМ
Next Post

Тренчевска: Со ребалансот власта крати 30 милиони евра од социјални трансфери и субвенции

НАЈНОВО

Фото: МИА

Македонија катастрофално поразена од Велс, баражот го чекаат од четвртиот „шешир“

November 18, 2025
Скриншот

Американскиот Конгрес изгласа да бидат објавени досиејата на Епштајн

November 18, 2025

Собранието стави крај на евтиното онлајн купување: ДДВ од 18% за „Тему“ и „АлиЕкспрес“ пратки

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МОН ги објави резултатите од конкурсот за ученички стипендии 2025/2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА најави пренос во живо: Првите детални снимки од меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево сафари“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk