Два пожара денеска се вон контрола во турската покраина Измир, а гаснењето на огнот е отежнато поради силниот ветер.
Жителите на најмалку пет окрузи во близина на пожарите, кои горат источно и западно од градот Измир, во близина на летувалиштето Чешме, се евакуирани.
Во гаснењето на пожарите учествуваат и два авиона и шест хеликоптери.
Во Турција од 27 јуни поради екстремни жештини и суша избувнаа стотици пожари. Поради пожари во провинциите Измир и Хатај пред четири дена беа евакуирани 50.000 луѓе