Пишува: КРИСТИНА КОСТОВА
Мицкоски и ДПМНЕ во периодот кој ни претстои ќе настојуваат по секоја цена да наметнуваат во јавноста т.н. културолошки војни, односно теми кои ја поларизираат јавноста за прашања поврзани со семејството, положбата на жените во општеството, односот кон маргинализираните и угнетените итн. По рецептот на ултра-десните фигури на глобално ниво.
Тоа и имал намера да го направи со отворањето на дискусијата за данок за самци – да го раскара народот и да го подели на оние што се за и против неговата небулозна идеја.
Ама, заглави завалијата!
Прво – оти очигледно не е способен да го вербализира мотивот за поделба што сакал да им го наметне на луѓето.
А, второ – затоа што таков одлепен од реалноста ко што е, не сфаќа дека ги погоди сите луѓе, цел народ за она што најмногу ги боли – немаштијата која тој лично ја предизвикува.
Младите сакаат да стапуваат во брак, ама не се осмелуваат, оти немаат пари, оти немаат финансиска сигурност, оти немаат стабилност во државата.
Тоа им недостасува како поддршка од државата за да се осмелат да „рипнат во тавче“, а не санкции и удари по џебот.
Овој обид на Мицкоски му се одби од глава.
Ама, ние граѓаните мораме да бидеме особено внимателни.
Да не паѓаме во стапиците на културолошките војни и да не заборавиме дека за обичниот човек не се закана поинаквите, туку закана се малкутемина ултрапривилегирани, експлоататорски настроени магнати.
Оние што го држат Мицкоски во шака.
Во предизборието кое ни претстои, Мицкоски и ДПМНЕ ќе настојуваат сите нивни колосални неуспеси да ги прикријат со културолошки војни во кои ќе нѐ туркаат, а за да нѐ поделат и демотивираат.
Сите граѓани да бидеме фокусирани на она што е важно, а не на она што нѐ дели.
Не смееме да дозволиме да нѐ обесхрабрат од борба.
Оти борбата само што почнува.