ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Реакција на СДСМ по повод заканата за губење на статусот на Охрид како светско природно и културно наследство под заштита на УНЕСКО

July 8, 2025 14:07
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ПОЛИТИКА
Охрид Фото: Јане Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Охрид Фото: Јане Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Власта предводена од ВМРО ја носи државата до нова национална срамота. Охрид, еден од најзначајните симболи на македонскиот идентитет, култура и природно богатство, е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство  благодарение на неспособноста, неодговорноста и урбанистичкиот дивјачки порив на оваа власт, реагираат од СДСМ.

„Во најновиот нацрт документ на УНЕСКО, јасно се посочува дека властите во Северна Македонија не ги исполнуваат своите обврски , не го почитуваат ниту најосновното: да ги стопираат деталните урбанистички планови, да спроведат проценки на влијанија, да ја запрат бетонизацијата, да ги отстранат дивоградбите и да ја спасат природната рамнотежа на Охридскиот регион. Во декември 2024, УНЕСКО јавно препорача вклучување на Охрид во листата со опасност, оценувајќи дека е во висок ризик поради:

· Урбанизација без контрола

· Еутрофикација од отпадни води

· Загрозување на биодиверзитетот

· Недостиг од трансгранична соработка

Наместо да го почитуваат уставниот и меѓународен долг да го заштитат Охрид, Мицкоски,  неговите министри и неговиот градоначалник Пецаков, со одобрување или молк, го бетонираат крајбрежјето, го газат Студенчишкото Блато, и ги игнорираат сите предупредувања од меѓународните тела. Власта не само што не ја почитува стручната јавност и граѓаните, туку директно ја загрозува економијата, туризмот и иднината на целиот регион.

Претходната влада предводена од СДСМ не само што успеа да го задржи статусот на Охридскиот регион, туку и имаше акционен план усвоен на влада во декември 2023 каде јасно беа зацртани целите и задачите на сите засегнати страни.

Националната комисија за УНЕСКО во претходниот мандат постојано заседаваше и токму нејзината работа беше оценета со најпозитивни оценки во извештајот минатата година. Новата комисија за година дена владеење на ДПМНЕ не одржа ниту еден состанок!

Ниту е одржан нов управувачки комитет заедно со Албанија.

Ниту е помрднато со спроведување на мерките од акциониот план кој е владин документ и кој не препознава партија- туку само работа!

Средбите кои министерот за Транспорт и врски Александар Николовски ги имаше со највисокото раководство на лицата задолжени за охридскиот регион, не само што не вродија со плод, туку како и секоја друга состојба која претходната влада ја осигура, само беа искористени за себепромоција и за расипување на веќе направеното.

Се отвораат веќе затворени прашања.

Нема усогласување на законите. Ги повлекоа од собрание предлог-законите за Охридското Езеро (како „Споменик на природата“) и за Студенчишко Блато (како „Парк на природата“).

Ова е историска неодговорност. Наместо да ги исполнат обврските и да го сочуваат статусот на УНЕСКО, тие спроведуваат шеми за урбан криминал, поттикнуваат градежна анархија и ја претвораат Охридската убавина во урбан хаос.

СДСМ бара итна реакција од Владата, со конкретни мерки, стопирање на сите урбанистички дивеења и целосно спроведување на препораките на УНЕСКО. Доколку Мицкоски не знае или не сака, нека се тргне. Охрид не е политичка жртва. Охрид е светско наследство и ќе го браниме со сите демократски, институционални и меѓународни средства.

СДСМ останува гласот на разумот, заштитата и иднината на Охридскиот регион“, се наведува во соопштението од СДСМ.

Поврзано: 

Четириесет организации од Европа бараат охридскиот регион да се впише во листата на светски наследства во опасност

 

Tags: ОхридУНЕСКО
Next Post

Девет активни пожари, еден локализиран

Shortcut

Најново

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026
Конц-логор Омарска, 1992, БиХ.

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

Четири активни пожари, три се под контрола, а 24 се изгаснати

August 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk