ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Четириесет организации од Европа бараат охридскиот регион да се впише во листата на светски наследства во опасност

July 8, 2025 07:06
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, РЕПУБЛИКА
Охрид Фото: Јане Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Охрид Фото: Јане Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Триесет и девет организации и една европска мрежа (од 15 организации) доставија писмо до Комитетот за светско наследство со кое бараат да се усвои нацрт одлуката за впишување на Охридскиот Регион во Листата на светски наследства во опасност, соопштуваат од Фронт 21/42.

Оттаму информираат дека во седиштето на УНЕСКО во Париз, оваа недела (06. 07. 2025) започна 47 сесија на Комитетот за светско наследство. Во следните неколку дена, како што се вели во соопштението, Комитетот по трет пат ќе гласа дали Охридскиот Регион, нашето единствено природно и културно светско наследство, ќе биде впишан во Листата на светски наследства во опасност. Нацрт одлуката е објавена и предвидува впишување во листата.

Покрај останатото, во нацрт одлуката се бара од Македонија итно да ја подобри заштитата на Студенчишко блато, веднаш да ги стопира сите градежни активности во околината на блатото и хотелскиот комплекс Горица и да го ревидира предлог Законот за прогласување на Студенчишко блато за Парк на природата за да осигура дека истиот е во согласност со стандардите на ИУЦН и наодите на мисијата од 2024 година.

„Имајќи ги предвид претходните две искуства, кога Комитетот ги игнорираше препораките на експертите Охридскиот Регион да биде прогласен за светско наследство во опасност, што резултираше со нови закани и уште поголемо уништување на вредностите, граѓанските организации доставија писмо до сите 21 членови на Комитетот, со кое бараат усвојување на нацрт одлуката.

Конкретно, 17 организации од Македонија, 13 од Албанија, 1 европска мрежа од 15 организации и 9 организации од Хрватска, Србија, Бугарија, Австрија и Обединетото Кралство, потпишаа писмо во кое, покрај останатото наведуваат:

Имајќи го предвид степенот на досегашната деструкција, итната потреба за реставрација на природните и културните вредности на подрачјето, екстремно загрижени поради сите сеуште нереализирани (но усвоени/одобрени) планови и проекти и реалната опасност за неповратно губење на интегритетот и автентичноста, бараме Комитетот за светско наследство на својата 47 сесија во Париз, Франција, да го заштити и зачува Охридскиот Регион за сите идни генерации, со тоа што ќе ја усвои нацрт одлуката за негово впишување во Листата на светски наследства во опасност.“, истакнуваат од Фронт 21/42.

Tags: загрозено културно наследствоОхрид
Next Post
Фото: Генерирано со ВИ

Нетанјаху го предложи Трамп за Нобелова награда за мир

Shortcut

Најново

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk