Актуелниот шампион на Вимблдон Шпанецот Карлос Алкараз избори полуфинале откако денеска го совлада Британецот Камерон Нори со 3:0 во сетови (6:2; 6:3 и 6:3). Ова беше воедно 19-та победа во низа за Алкараз на Вимблдон, кој е двократен победник на овој турнир во последните две години.
Британецот Нори во денешното четвртфинале немаше шанси против вториот тенисер на светот, но сепак оствари многу добар пласман со настапот во завршницата на турнирот.
Алкараз во полуфиналето ќе игра против Американецот Тејлор Фриц, кој со 3:1 во сетови го победи Карен Качанов.
Прво полуфинале на Вимблдон, а второ Грен слем полуфинале избори Американката Аманда Анисимова, која со 2:0 во сетови (6:1 и 7:6(9) ја победи Анастасија Палиученкова. Анисимова ја искористи четвртата меч топка, откако имаше одличен старт на мечот. Таа во полуфиналето ќе игра против првата тенисерка на светот Арина Сабаленка, која претходно со 2:1 во сетови славеше победа над Лаура Зигмунд.