ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Костадиновска Стојчевска: На Охрид му се заканува бришење од УНЕСКО, поради Владата на ВМРО-ДПМНЕ

July 9, 2025 12:57
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Очаен беше обидот од страна на министерот Љутков да се оправда за својата неспособност. Во периодот на претходната Влада предводена од СДСМ на Република Северна Македонија, покажавме силна посветеност кон заштитата на Охридското Езеро и неговото наследство, преземајќи низа клучни чекори кои беа препознаени од меѓународната заедница и УНЕСКО. Овие напори беа насочени кон системско решавање на проблемите и воспоставување трајни механизми за заштита, изјави на прес-конференција, Бисера Костадиновска-Стојчевска, пратеничка на СДСМ.

„За да се обезбеди цврста основа за оправување на доброто, изработен е Стратегиски план за рехабилитација на природното и културното наследство на Охридскиот регион. Овој план ја идентификуваше екстремната ранливост на доброто, основните причини за таквата ранливост како неусогласеност на регулативите и недостигот на имплементација на постоечките програми и присуството на активни закани.

Министерството за култура, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, Управата за животна средина и Управата за заштита на културното наследство, изработи нов предлог на закон за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион, како и нацрт Закон за заштита на културното наследство и Предлог Закон за прогласување на старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење. Овие законски рамки имаа за цел да ги зајакнат институционалните капацитети и третманот на наследството.

Овие закони се повлечени.

Во владина постапка беа и новиот Закон за рибарство и аквакултура со посебен осврт на заштитените подрачја, Предлог Законот за прогласување на Студенчишкото блато во Охрид за заштитено подрачје во категорија IV парк на природата и Нацрт законот за Охридското Езеро за споменик на природата. Овие мерки беа насочени кон суштинска заштита на екосистемот на Охридското Езеро. И овие закони беа повлечени.

Во завршна фаза беше и изработката на Физибилити студија за изработка на Урбанистички план за подрачја и градби од државно значење за заштитената зона на крајбрежниот појас во Охридскиот регион, со цел севкупна и долгорочна заштита на брегот на Охридското Езеро. Оваа студија, заедно со новата ажурирана геодетска подлога изработена од Агенцијата за катастар на недвижности, беше клучна за системско урбанистичко планирање.

ЈУ Национален парк Галичица, со финансиска поддршка од Амбасадата на Кралството Шпанија, отпочна со креирање ортофото мозаик на теренот преку кој ќе ги детектира сите бесправно изградени објекти со користење на дрон и снимање во низок лет. Оваа активност имаше за цел брза идентификација на нелегалните градби.

Комисијата за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион, која од своето формирање во 2018 година активно работи на усогласување на целокупната урбанистичко-планска документација на општините Охрид, Струга и Дебарца со Планот за управување, во периодот јануари 2023 – јануари 2024 година, разгледа и даде мислења за вкупно 137 барања за измена и дополна или носење на нова урбанистичко-планска документација. За урбанистичка документација чија реализација може негативно да влијае на исклучителната универзална вредност на регионот, задолжително се спроведуваше и Стратегиска оцена за влијание врз наследството. Важно е да се напомене дека граѓанските организации беа присутни на седниците на Комисијата, што имаше за цел да ја зголеми транспарентноста и отчетноста.

Агенцијата за планирање на просторот на РСМ отпочна постапки за изработка на Урбанистички план за подрачја и градби од државно значење за заштитената зона на крајбрежниот појас на Охридскиот регион. Со донесувањето на Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион во 2020 година, сите измени и донесувањето на Урбанистичките планови во општините Охрид, Струга и Дебарца се со согласност со насоките дадени во Планот за управување, а одобрени со мислење од Комисијата за управување како механизам кој врши соодветна контрола на урбанистичкото планирање во регионот.

Во однос на проектот за пренасочување на реката Сатеска, кој се спроведува од страна на канцеларијата на УНДП во Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање, во текот на 2023 година беше завршена санацијата на разделната градба, целосно чистење на речното корито и изградба на таложниците. Се предвидуваат и други неопходни активности како пошумување и спречување на ерозија.

Во однос на железничкиот коридор VIII, Европската Комисија донесе одлука целиот железнички Коридор VIII, вклучувајќи ја и делницата Кичево – Лин, да биде дел од клучната мрежа, со што оваа делница исполнува предуслови да биде финансирана од европски грантови.

За делницата Струга – Граница со Република Албанија ќе се изработи нова Студија на изводливост и алтернативна траса со цел да се исполнат препораките што УНЕСКО ги има дадено.

ЈП Колекторски систем – Скопје во текот на 2023 година инсталираше фреквентна регулација на шест пумпни станици, со што е овозможена автоматска регулација на работењето на пумпите согласно нивото на фекалната вода. Во целост е отстранета појавата на преливи, а со тоа и влез на фекални води во Охридското Езеро.

ЈНУ Хидробиолошки завод успешно ги реализира сезонските мониторинг кампањи за увид во состојбата со природното наследство во Охридското Езеро. Во текот на 2023 година беше пресметан процент на влијанието на реките (Сатеска, Коселска и Вељгошка) врз квалитетот на водата од литералната зона на Охридското Езеро, а набави и софистициран апарат за одредување на концентрации на жива. Заводот, во соработка со меѓународната фондација HEALTHYSEAS, организираше и спроведе пилот проект за детекција и отстранување на напуштени, изгубени или на друг начин оставени риболовни алат од Охридското Езеро, при што беа отстранети вкупно 64 „мрежи духови“.

Дополнително, дури и по цена на сопствениот политички рејтинг, Градоначалникот од редовите на СДСМ Костадин Георгиевски влезе во бескомпромисна борба со отстранување на дивите платформи во Охридското Езеро. Но веќе по локалните избори 2021 година, воден од личниот интерес, негрижа и гол популизам, новоизбраниот градоначалник Пецаков дозволи обновување на овие платформи, дури и нивно проширување, што е во директна спротивност со препораките на УНЕСКО“, истакна Костадиновска-Стојчевска.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

За национализмот и патриотизмот

July 9, 2025

Куманово во чад, неколку пожари на различни локации

July 9, 2025

Вајц: Македонија е предводник во регионот, нејзиното пристапување кон ЕУ е неправедно блокирано предолго поради билатерални спорови

July 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ирена Јовева. Фото: Фејсбук

    Скандал во Брисел: Грчка десничарска европратеничка ги негира Македонците, Словенечката пратеничка Јовева во одбрана на македонскиот народ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силјановска Давкова за извештајот на ЕП: Не сум шокирана, во ЕП седат и претставници на партии што се против самата ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕП со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“ го усвои Извештајот на Вајц за Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски по извештајот од ЕП: Остануваме горди со крената глава, денес Бугарија работеше против нас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk