ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мизрахи: Од сега, до шест обиди за ин-витро оплодување ќе бидат покриени од Фондот за здравствено осигурување

July 9, 2025 13:51
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО, ПОЛИТИКА

– Правиме чекор напред кон достоинствен пристап до ин-витро оплодување. Чекор кон здравство што не исклучува, здравство посветено на секој еден. Со измените на законот за здравствено осигурување, храбро се исправиме пред еден длабоко личен, често тивок, но болен проблем. – Неплодноста. Зборуваме за надеж. За живот. За семејство, изјави Рашела Мизрахи, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, во соопштение што го пренесува ВМРО-ДПМНЕ.

„Од сега, до шест обиди за ин-витро оплодување ќе бидат покриени од Фондот за здравствено осигурување, нешто што досега беше незамисливо за многу семејства.

Законските измени, предложени од страна на парламентарното мнозинство, отвораат ново поглавје за илјадници граѓани кои со години се борат со неплодноста.

Претходно, само првите три обиди за ин витро беа покривани од државата. Но реалноста покажува дека често се потребни повеќе. Медицината не е универзална формула – таа е индивидуален пат. И ние како држава мораме да го препознаеме тоа.

Проширување на бројот на обиди за ин-витро од 3 на 6, покриени од Фондот.

Вклучување на различни типови на БПО процедури, вклучително и:

– со сопствени (автологни) репродуктивни клетки,

– со донорски (алогенеични) ембриони, јајце-клетки или сперма.

Се воведува и поедноставена електронска процедура за поднесување барања.

Подобрен административен и професионален надзор – со скратување на времето за одлучување од страна на Фондот и јасна жалбена постапка.

До: Средства за јавно информирање

Предмет: Интегрален текст од изјава за медиуми – Рашела Мизрахи, пратеник

на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Датум: 09.07.2025

Македонија застанува рамо до рамо со европските земји кои го признаваат правото на родителство како фундаментално човеково право. Воведуваме јавно финансирање, наместо катастрофални трошоци за граѓаните, и ја симнуваме стигмата од оваа тема.

Ова е реформа што враќа надеж. Ова е реформа што раѓа живот. Како пратеник, горда сум што стојам зад ваква политика. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со вакви храбри чекори“, истакна Мизрахи.

 

Next Post

Во Собранието одбележан Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

ФФМ и ФК Брегалница го осудија инцидентот во Штип

August 24, 2025
Фото: Цивил Медиа

Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

August 24, 2025

Мицкоски: Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ овие два дена е новитет на политичката сцена во Македонија, за Скопје се приоритетни три столба

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk