ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Оружје против телото: Израел и Газа под лупа на секусалното и родово насилство

July 9, 2025 11:22
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, СВЕТ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Сексуалното насилство и родовите злосторства што се случија на 7 октомври 2023 година и нивните последици, особено сексуалното насилство што сè уште се случува врз заложниците во Газа, се крајната манифестација на CSRV(Сексуално насилство поврзано со конфликт).

Истрагата за нападот од 7 октомври, особено неговиот дел CSRV, претставува еден од најзначајните предизвици со кои се соочуваат истражните органи: огромното мнозинство од жртвите повеќе не се живи, а за оние што преживеале, ќе бидат потребни години пред да можат, ако воопшто можат, да го раскажат своето тешко искушение. Многу од другите преживеани воопшто нема да разберат дека биле сведоци на делата и дека нивното сведочење може да биде релевантно и клучно, се вели во студијата / извештајот на Проектот Дина – 10/07 (The Dinah Project 10/7).

Иако во извештајот се укажува колку е тешко во реално време, додека сè уште трае борбата да се соберат докази за сексуално насилство и да се сведочи за нив, сепак се заклучува со цврсто убедување дека „Хамас користел сексуално насилство како тактичко оружје, како дел од геноцидна шема и со цел тероризирање и дехуманизирање на израелското општество“.

Развивајќи специјализирана платформа за собирање и класификација на докази поврзани со сексуално и родово базирано насилство од 7 октомври, основачите на Проектот Дина користат методологија на категоризирање на информациите според нивната доказна вредност и содржина за прецизно документирање и правна употреба на собраните инфомрации.

Категориите вклучуваат сведоштва од преживеани, очевидци, спасувачи, здравствени работници и други извори.

Првата преживеана жртва од Нова фестивалот од 7 октомври 2023 година сведочела 17 месеци подоцна. Повеќето жртви биле трајно замолчани, убиени, а голем дел од нив се трауматизирани за да зборуваат. Поради тоа голем дел од наодите се базира и на очевидци во реално време.

Според извештајот, пет сведоци пријавиле најмалку четири одделни случаи на групно силување; седум пријавиле најмалку осум други одделни случаи на силување или тешки сексуални напади, некои од нив во заробеништво; пет пријавиле најмалку три одделни случаи на сексуални напади, некои во заробеништво; а тројца пријавиле три одделни случаи на осакатување.

И додека извештајот на Проектот Дина зборува за сексуалното насилство од Хамас, Извештајот на Комисијата за човекови права на ОН е фокусиран на сексуалното насилство од страна на Израел.

„Израел сè повеќе користи сексуално, репродуктивно и други форми на насилство врз основа на пол врз Палестинците како дел од поширокиот напор за поткопување на нивното право на самоопределување и извршува геноцидни акти преку систематско уништување на установи за сексуална и репродуктивна здравствена заштита“, се вели во извештајот на Независната меѓународна комисија на ОН за истрага на окупираната палестинска територија, вклучувајќи го и Источен Ерусалим, и Израел од 13 март.

Извештајот документира широк спектар на прекршувања извршени врз палестински жени, мажи, девојчиња и момчиња низ окупираната палестинска територија од 7 октомври 2023 година, што претставува главен елемент во малтретирањето на Палестинците и е дел од незаконската окупација и прогон на Палестинците како група, стои во извештајот на Комисијата.

Дел од Извештајот се базира и на факти кои утврдуваат дека израелските сили систематски уништиле установи за сексуална и репродуктивна здравствена заштита низ Газа паралелно со блокирање на хуманитарна помош, вклучително и обезбедување на потребни лекови и опрема за да се обезбеди безбедна бременост, породување и постпартална и неонатална нега. Ова резултирало со смрт на жени и двеојки од компликации поврзани со бременоста и породувањето поради условите наметнати од израелските власти кои им го одзеле пристапот до репродуктивна здравствена заштита – дела кои претставуваат злосторство против човештвото, истребување.

Клучните разлики меѓу овие два извештаи се: OHCHR се фокусира на палестински жртви, извештајот е институционален и политички и бара итни меѓународни реакции и истраги, додека „The Dinah Project“  се фокусира на израелски жртви од 7 октомври 2023, се работи за граѓански  правно структуиран проект кој гради платформа за долгорочна правда и документација.

Но, она што е битно и во двата извештаи е да се поттикне правна истрага и гонење на сторителите, било преку меѓународни тела или домашни институции. Доколку се протолкуваат детално ќе се види дека се  работи за длабоко трауматизирачки сведоштва – и кај палестински и кај израелски жртви – при што наративите откриваат слични шаблони на системско насилство. И двата извештаи повикуваат на меѓународна реакција, свесност во јавноста за сексуалното насилство во време на конфликти и војни и прекин на културата на неказнивост.

*

Сексуалното насилство кое се случува во контекст на вооружени конфликти, вклучувајќи: силување, сексуално ропство, присилна проституција, присилна бременост, присилна стерилизација, или кое било друго сексуално насилство од слична тежина, претставува сериозно кршење на меѓународното хуманитарно право и може да претставува воен злостор, злосторство против човештвото, па дури и геноцид, зависно од контекстот и обемот.

Б. Јордановска / Цивил Медиа

Next Post
Ирена Јовева. Фото: Фејсбук

Скандал во Брисел: Грчка десничарска европратеничка ги негира Македонците, Словенечката пратеничка Јовева во одбрана на македонскиот народ

НАЈНОВО

Манчестер сити го објави трансферот на Донарума

September 2, 2025

Поранешниот директоро на АНБ, Виктор Димовски, тврди дека Мицкоски не бил следен и прислушуван во негово време

September 2, 2025
Фото: Фејсбук Мицкоски

Мицкоски: Прислушувањето на АНБ не е удар врз мене и новинарите, туку врз демократијата, правото на слобода и темелите на државата

September 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скриншот / Инстаграм

    Аманда Сејфрид ја позајми облеката на Џулија Робертс за Филмскиот фестивал во Венеција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Данил Медведев и тренерот Жил Сервара ја прекинаа осумгодишната соработка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Најочекуваните 12 ТВ серии што треба да ги гледате во септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хамилтон по Големата награда на Холандија: Тежок резултат, но се движиме во вистинска насока

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судскиот совет ги избра новите судии за Апелациониот суд Скопје и за претседател на Основен суд Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk