ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

July 9, 2025 15:24
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

 Стартуваше изградбата  гасниот интерконектор со Грција во должина од 66,7 километри на потегот од Гевгелија до Неготино. Интерконекторот ќе има иницијален капацитет од 1,5 милијарди кубни метри гас годишно, со можност да се зголеми до 3 милијарди кубни метри.

Вредноста на изградбата на проектот, што стартуваше денеска, е околу 3,7 милијарди денари (60 милиони евра). Средствата се обезбедени со два заема, еден од Европската инвестициска банка (ЕИБ) во износ од 28,9 милиони евра и друг од ЕБОР во износ од 45 милиони евра како и инвестициски грант од 12,5 милиони евра преку ИПА инструментот на Европската Унија. Дополнително, преку CONNECTA програмата на ЕУ беше обезбедена и техничка помош за изработка на потребните студии, проектна документација и тендерска документација.

На денешниот настан во близина на патниот правец Неготино кон Демир Капија, каде започна македонската делница од интерконекторот, присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, како и други владини претставници и меѓународни партнери.

– Преку реализацијата на овој проект, како и најавените поврзувања со гасоводните системи на останати наши соседи, нашата земја станува значајна енергетска крстосница, што очекувам дека ќе донесе конкретни придобивки за целиот регион, а пред сè за македонските граѓани и домашната економија, истакна премиерот.

Тој нагласи дека овој гасоводен интерконектор со Грција ќе донесе нови извори на природен гас, стабилно снабдување за индустријата и домаќинствата, пониски цени за граѓаните, поголема конкурентност за компаниите.

– И една силна порака – државава конечно станува дел од европската енергетска мрежа. Ќе изградиме 66,7 километри гасовод на македонска територија, со цевки со дијаметар од 700 милиметри. Почетниот капацитет од 1,5 милијарди кубни метри гас годишно ќе може да се зголеми до 3 милијарди. Тоа е енергија за раст. Тоа е гориво за економијата. Тоа е безбедност за иднината. Вкупната вредност на проектот е околу 3,7 милијарди денари, или 60 милиони евра. Со поддршка на овој проект од Европската инвестициска банка, со Европската банка за обнова и со Европската Унија покажуваме дека можеме да направиме многу повеќе, додаде Мицкоски.

Да бидеме искрени, рече тој,  овој проект не е нова идеја.  – Но, досега остана само како идеја. Иако беше ветуван претходно, никогаш не беше започнат.  Затоа, денес не правиме спектакл за да ги залажеме луѓето, туку да покажеме дека, кога се работи со одговорност, истрајност и вистински намери – резултатите стигнуваат. И ова е само дел од поголемата слика. Се поврзуваме со гасоводите на соседите, истакна претседателот на Владата.  Тоа ќе нè направи, рече,  регионална енергетска крстосница. Тоа значи повеќе избори, повеќе стабилност и пониски трошоци.

Притоа подвлече дека тоа значи, дека државава повеќе нема да биде на крајот од мрежата, туку во срцето на регионалниот енергетски тек. – Зашто тоа е нашата работа – да ја изградиме таа иднина. Ние сме тука да градиме нешто подобро. Ги засукавме ракавите, ја презедовме одговорноста и почнавме да ги поставуваме темелите.
Темели на нови патишта и автопати. Темели на нови инвестиции и индустриски зони. Темели на нови болници и училишта. Темели на нова енергетска архитектура. Денес, повторно покажуваме: дека не стоиме, се движиме. Не чекаме– градиме. Создаваме нови можности. Ги градиме темелите на промемите. Затоа, ова не е крај – ова е почеток на нешто поголемо. Ова е почетокот на новата енергетска иднина на Македонија, нагласи Мицкоски.

Амбасадорката на САД, Анџела Агелер, порача дека партнерствата со пријателите и соседите се докажувaат дека се многу поважни од бирократски и политички маневри.  – Оваа регионална соработка ќе овозможи независност и снабдување со енергенси во регионот, рече Агилер. Истакна дека овој  проект е стратешка инвестиција во безбедноста, просперитетот и суверенитетот,  го зајакнува  економскиот развој и е заложба за стабилна безбедна и одржлива иднина во однос на енергетиката, не само за двете соседни земји, туку и за целиот регион.

Задоволство изрази и Софиа Филипиду, амбасадорка на Грција, која рече дека овој важен стратешки проект обезбедува регионална енергетска безбедност, европска енергетска безбедност, енергија и поврзаност помеѓу двете држави.

Амбасадорот на Европската унија, Михалис Рокас, пак, рече дека оваа клучна инфраструктура, ќе придонесе за приближување до трите цели на Европската Унија, безбедност, одржливост и конкурентност.

– Гасот е гориво што ќе ни помогне да ја намалиме употребата на јаглен и да ги намалиме јаглеродните емисии, подвлече Рокас и дополни дека ќе се стимулира економски раст.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска   истакна  дека ќе добиеме современ гасовод, подготвен и за идниот транспорт на зелен водород, со можност за двојно зголемување на капацитетот. Тоа, посочи, значи енергетска стабилност за домаќинствата и конкурентност за македонската индустрија. Испраќаме јасна и гласна порака: Македонија повеќе не е заложник на енергетска зависност и инфраструктурна изолација.

– Со воспоставување на интерконекцијата, Македонија станува активен дел од регионалната енергетска мрежа. Тоа отвора врати за извоз на енергија, привлекување на странски инвестиции и изградба на стратешки партнерства. Паралелно, работиме на тоа и конечно да ги завршиме сите формалности за да го ставиме во функција продуктоводот за транспорт на дизел. Успеавме да ги надминеме правните предизвици во однос на царинската регулатива, така што сега нема пречки ниту за користење, ниту за наплата. Во тек се технички испитувања, и очекуваме продуктоводот да биде ставен во употреба во наредните неколку месеци, рече Божиновска.

Таа соопшти и дека се финализираат активности за гасна поврзаност и со Србија. Во завршна фаза е изработката на техничката документација, по што ќе следи и изработка на проектот за изградба. Овие два клучни интерконектори – со Грција и со Србија – се поддржани од Европската комисија, и се вклучени во Акцискиот план на ЕУСАИР (Јадранско-Јонска стратегија за регионално поврзување), појасни министерката Божиновска.

Првиот заменик претседател на Владата и министер за  животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, рече дека не славиме само почеток на изградба на интерконекторот тукуи почеток на едно ново поглавје кое обезбедува посигурна, поздрава и поодговорна иднина на нашата земја.

– Гасниот интерконектор со Грција не е само инфраструктурен проект – тоа е јасна порака дека Северна Македонија знае каде оди, со кого се поврзува и каква иднина гради. Оваа инвестиција е значаен чекор напред кон поздрава животна средина. Со достапноста на природниот гас, ние отвораме врата за замена на загадувачките горива, особено во општините, каде се уште се користат дрва и мазут. Тоа значи почист воздух и подобар квалитет на живот за нашите сограѓани, истакна Меџити.

Тој додаде дека во исто време, ова е и конкретен придонес кон исполнување на националните и европските климатски цели. Природниот гас има една од најзначајните улоги во патот кон зелена енергија, тој придонесува за намалување на емисиите, заштита на јавното здравје и создавање на поодржлив енергетски систем.

– Но, ова не е само еколошка придобивка. Ова е дел од поголема визија да ја водиме државата стратешки, со план, со јасни цели и со сојузници на кои можеме да се потпреме. Поврзувањето преку овој интерконектор е дел од истата визија што ја води реализацијата на Коридор 8 визија за современа, поврзана и отворена Северна Македонија, која не е само транзитна, туку клучна точка на стабилност и развој на целиот регион, истакна Меџити.

Мухамед Елмази, извршниот директор на НОМАГАС АД Скопје , рече дека е ова капитален и стратешки значаен проект, изразувајќи благодарност до Европската Унија.

– Преку овој проект ќе се обезбеди поефикасно балансирање на понудата и побарувачката на природен гас. Ќе се унапреди конкурентноста на пазарот и ќе се создаде пофлексибилен систем, што ќе биде подготвен да одговори на идните енергетски  предизвици.

Тој истакна дека со ова се прави значаен чекор напред, се зајакнува енергетската безбедност.

Бјорн Габриел, претставник на Европската инвестициска банка, што го поддржува овој проект, се осврна на активностите што ги поддржуваат од областа на здравјето, образованието и други, со голем придонес за заедницата.

– Ние ќе им помогнеме на нашите македонски партнери да ги искористат најдоброто и да ги постигнат своите цели, нагласи Габриел.

Фатих Туркменоглу, шеф на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој во земјава, посочи дека е ова важен проект за земјата. Тој се осврна на спроведените проекти во државата.

– Имаме три приоритети. Регионална интеграција, навлегување на енергетскиот пазар и слично, сакаме да ја поддржиме националната економија за да го поттикнеме приватниот сектор, со што ќе се подобри инфраструктурата, подвлече тој.

Како што беше кажано на настанот, интерконекторот ќе донесе пониски цени на гасот и сигурно снабдување за индустријата и домаќинствата.

Изградбата ќе ја спроведе домашната компанија Рапид Билд ДОО, од каде истакнаа дека се подготвени со стручен кадар и техничка опременост. Со ова се потврдувал и капацитетот на македонскиот градежен сектор да изведува сложени инфраструктурни проекти во согласност со европските стандарди. Градежните работи на трасата започнуваат веднаш и се очекува да завршат за 22 месеци, со што интерконекторот треба да биде целосно оперативен во текот на 2027 година.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ГрцијаИнтерконекторМакедонија

НАЈНОВО

Пожари беснеат низ целата држава, власта тешко се справува со ситуацијата, Грција испраќа два канадера

July 9, 2025
Фото: МИА

Пронајдено починато лице во близина на пожар во кривопаланечко Лозаново

July 9, 2025

За национализмот и патриотизмот

July 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ирена Јовева. Фото: Фејсбук

    Скандал во Брисел: Грчка десничарска европратеничка ги негира Македонците, Словенечката пратеничка Јовева во одбрана на македонскиот народ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски по извештајот од ЕП: Остануваме горди со крената глава, денес Бугарија работеше против нас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силјановска Давкова за извештајот на ЕП: Не сум шокирана, во ЕП седат и претставници на партии што се против самата ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕП со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“ го усвои Извештајот на Вајц за Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk