Поради повторно разгорување на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Скопје-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце, информираат од МВР.
Министерството за внатрешни работи, како што нагласуваат оттаму, во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот.
Апелираат граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гасењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за што соодветно ќе ја информираме јавноста.