ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

ЦУК: Активни се девет пожари на отворен простор

July 10, 2025 08:06
in ДЕНЕС
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Активни се девет пожари на отворен простор заклучно со седум часот утринава, од вкупно 63 во текот на вчерашниот ден, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Под контрола се четири пожари, еден е локализиран, а 49 се изгаснати.

ЦУК соопшти дека се активни пожарите во Чучер Сандево – Блаце, каде е зафатена ниска вегетација, во село Визбегово во Шуто Оризари каде гори депонја, во Прилеп – село Бешиште, м.в. Бешишки Рид, мешана шума. Во пожари во Македонски Брод, се зафатени дабова шума и грмушки, помеѓу с. Црешнево и с. Локвица, ниска вегетација, пожар проширен од фабрика „Самоков“ во с. Рамне, како и мешана шума во селата Слатина и Ковче. Исто така во општина Чашка, под Солунска Глава, м.в. Изворите на Бабуна и Бабина Дупка, чад во карпест дел, а гори и нискостеблеста шума во село Николиќ во Дојран.

Локализиран  е пожарот во Кочани, м.в. Бабиште, помеѓу с. Јастребник и с. Полаки, со кој се зафатени ниска вегетација и мешана шума.

Според ЦУК, под контрола се пожарите во Делчево на Градска депонија „Острец“, во Виница – с. Драгобраште (ниска вегетација и нискостеблеста шума), во Крива Паланка – с. Градец и с. Лозаково (борова, дабова и багремова шума) и во Желино – с. Ларце – различна локација (мешана шума).

АМСМ изутринава соопшти дека сообраќајот на потегот од клучка Орман до клучка Мирковци е пуштен за редовен сообраќај, исто така и на потегот Скопје-ГП за ГР Блаце и во двата правца на експресениот пат Ранковце-Крива Паланка. Сообраќајот на овие патишта беше во прекин поради пожарите.

Поради состојбата со пожарите во Владата синоќа заседаваше Кризниот штаб, а активиран е и европскиот механизм за помош во справување со пожарите.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по седницата на Крзниот штаб изјави дека причина за ширење на пожарите во најголема мера биле неповолни временски услови и силен ветер, но посочи дека за дел има основи на сомнение дека се подметнати од човечки фактор близу клучни инфрастриктурни капацитети, патишта, густо населени области и приватни објекти.

A very difficult day in dealing with the fires. The reason for their spread was largely adverse weather conditions and strong winds, but for some we have grounds to suspect that they were sta

-Максимално се ставаат во функција сите капацитети на државата во функција, со тоа што морам да истакнам дека од Грција се дадени на испомош два канадери, кои што ќе бидат ставени во функција, како и два пешадиски тима кои се ставени на располагање преку ЕУ механизмот. Сите владини институции целосно се мобилизирани и активно се вклучени на терен. Во приправност се ставени 300 војници, од кои околу 150 активно беа вклучени на терен, како и околу 400 полициски службеници, кои беа активно вклучени на терен, изјави Тошковски.

Tags: пожариЦУК
Next Post
Фото: Фронтлајн

Без струја дел од корисниците во Бутел, Аеродром и Чучер Сандево, без вода во Кисела Вода и Центар

Shortcut

Најново

Израел: Преброени над 95% од гласовите, Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk