ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЕП: Годишнината од Сребреница нека биде потсетник на потребата од толеранција и помирување

July 11, 2025 13:20
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, РЕГИОН

Геноцидот во Сребреница е болен потсетник за важноста на промовирањето на мирот, толеранцијата и помирувањето во регионот и ја нагласува потребата од континуирани напори за зајакнување на владеењето на правото, промовирање на човековите права и справување со наследството од минатото, вклучително и преку иницијативи за образование, сеќавање и помирување, па затоа ги повикуваме сите засегнати страни, вклучувајќи ги владите, граѓанското општество и меѓународните организации, да работат заедно за да ја постигнат оваа цел.

Ова се наведува во заедничката изјава на претседателот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер, на претседателот на парламентарниот Поткомитет за човекови права, Мунир Сатури, на шефот на Делегацијата на ЕП за односи со Босна и Херцеговина и Косово, Давор Иво Стиер и на известувачот на ЕП за БиХ, Ондреј Колар по повод 30-годишнината од геноцидот во Сребреница.

– Денеска ја одбележуваме 30-годишнината од геноцидот во Сребреница, едно од најмрачните поглавја во европската историја. На 11 јули 1995 година, над 8000 невини мажи и момчиња беа брутално убиени во Сребреница, Босна и Херцеговина, од страна на Армијата на босанските Срби. Ова злосторство, извршено за време на Војната во Босна и Херцеговина, е суров потсетник за разорните последици од омразата, нетолеранцијата и ксенофобијата, се вели во изјавата.

Во неа натаму се нагласува дека додека се одбележува овој трагичен настан, ЕП им оддава почит на преживеаните и нивните семејства за претрпеното незамисливо страдање и траума.

– Ја признаваме храброста и отпорноста на оние кои неуморно работеа за да бараат правда и одговорност за овие гнасни злосторства, преку националниот кривичен систем на Босна и Херцеговина и Меѓународниот трибунал за поранешна Југославија. Работата на Трибуналот е илустрација за клучната важност на меѓународната кривична правда и потребата од нејзино зачувување и понатамошен развој. Од суштинско значење е да се завршат сите отворени постапки за воени злосторства, без непотребни одложувања и одговорните за геноцидот да одговараат за нивните злосторства, се додава во Изјавата.

Четворицата европратеници нагласуваат дека вистината за злосторствата треба да биде универзално признаена и дека воспоставувањето на 11 јули како Меѓународен ден на размислување и сеќавање на геноцидот во Сребреница беше чекор кон оваа цел.

– Мораме да го зачуваме сеќавањето на жртвите, отфрлајќи какво било негирање, ревизионизам, отфрлање или погрешно толкување на геноцидот. Да учиме од минатото со цел да изградиме подобра иднина, се истакнува до текстот.

Во него се додава дека во оваа тажна пригода, ЕП ја повторува посветеноста да работи кон изградба на Европа и свет каде што ваквите злосторства никогаш повеќе нема да се случат и каде што човековите права, демократијата и владеењето на правото ќе важат за сите.

– Европскиот парламент останува непоколеблив во својата посветеност на европската перспектива на Босна и Херцеговина, како и на сите земји од Западен Балкан. Регионалната соработка и процесот на европска интеграција обезбедуваат најсилна основа за помирување и надминување на поделбите, се додава во изјавата на Мекалистер, Сатури, Стиер и Колар.

Tags: ЕПСребреница
Next Post
Скриншот

Полсат: Силата што се користи против студентите во Србија е под контрола на Русија

НАЈНОВО

Илустрација ВИ

Хибридни закани – „тивката“ војна за гласови, што е што во изборен контекст

August 27, 2025

Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

August 27, 2025

Едно лице извршувало две неспоиви функции во Битола, платило глоба, но не се откажало од една од функциите

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Едно лице убиено при тепачка пред казино во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk