Конференцијата за обнова на Украина е годишен меѓународен настан посветен на приоритетите за обнова и реконструкција на Украина.
Овогодинешната конференција се одржува во Рим, а „New Europeans People’s Forum“ им се придружи на стотици гости на настанот во резиденцијата на британскиот амбасадор во пресрет на конференцијата за да ја изрази својата поддршка.
Успеавме да продолжиме да ја градиме меѓународната мрежа за поддршка на нашата иницијатива Вестминстерска алијанса за Украина, која ја продолжуваме со нашите партнерски организации Цивил – Центар за слобода, Медиумски дијалог, Здружението Жан Моне и Центро Студи Интернационали, изјавија од „New Europeans People’s Forum“.
Илјадници меѓународни гости, вклучувајќи шефови на држави и влади, учествуваа на конференцијата, која опфати широк спектар на прашања, од бизнис до човечки капитал, локален и регионален развој и реформи на ЕУ.
Конференцијата се одржува во услови на понатамошни интензивни напади со беспилотни летала и ракети. На конференцијата се обрати и претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Тој ја поздрави и ѝ се заблагодари на конференцијата за главната објава, која вклучуваше вкупно ветување од над 10 милијарди евра (11,7 милијарди долари) за поддршка на економијата и инфраструктурата на Украина разурната од војната и за помош во закрепнувањето.
„Сега треба да изградиме коалиција за закрепнување. Нека ова биде моментот кога ќе го започнеме. Знаеме што уништи Русија и знаеме што ќе биде потребно за да се обнови Украина, украинскиот народ, нашите животи., рече Зеленски во своето обраќање.
Тој порача дека обновата на Украина е значајна за сите земји.
„Обновата на Украина не е само за нашата земја, туку и за вашите земји, вашите компании, вашата технологија, вашите работни места – начинот на кој ја обновуваме нашата земја може да ја модернизира и вашата инфраструктура и индустрии.“, порача Зеленски.
ЕУ беше силно претставена на конференцијата, а Антонио Кошта, претседател на Европскиот совет, одржа воведен говор.
Во своите завршни зборови, Кошта рече:
„Иднината на Украина е во Европската Унија. Европската Унија е со Украина – за мир, за одбрана, за реконструкција и по целиот пат кон пристапување.“
„Заедно, можеме да обезбедиме Украина не само да се опорави, туку и да напредува – и правејќи го тоа, ќе изградиме посилна, побезбедна и пообединета Европа“, порача Кошта.
New European People’s Forum е иницијатива фокусирана на одбрана на демократијата и човековите права во Европа, фокусирана на промовирање на овие вредности низ целиот континент.
Овој форум служи како платформа за дискусија, соработка и застапување поврзани со овие фундаментални принципи.
New European People’s Forum неодамна ја започнавна програмата Вестминстерска алијанса за Украина, заедно со партнерските организации Media dialogue и Цивил – Центар за слобода.
Преземено: Цивил Медиа