ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Полицијата го расчисти двојното убиство во Прилеп: Вујкото намерно ги викнал во посета и веднаш ги убил

July 13, 2025 15:00
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Вујкото му се јавил на својот внук од сестра и го поканил во својот дом вчера околу 15 часот, но инсистрал со себе да го поведе и малолетното дете и за брзо од пристигнувањето биле убиени, информира МВР нагласувајќи дека СВР Битола ги расчисти околностите за тројното убиство.

Како што стои во објаснувањето на текот на настанот, вујкото, 63-годишниот  П. Ѓоколу во 15 часот му се јавил на внукот од сестра, 43-годишниот прилепчанец со иницијали П.Ч. да дојде во неговиот дом, инсистирајќи со себе да го поведе малолетното дете.

-Според првичните сознанија, П.Ч. по поканата од неговиот вујко го зел со себе малолетниот син, по што и кажал на неговата сопруга К.Ч. (43) дека неговиот вујко инсистира да оди во негова посета заедно со неговиот син, при што истите заминале, се наведува во полициското соопштение.

Во периодот од 15:30 до 16:00 часот се слушаат истрели од оружје и најверојатно тоа е моментот кога биле убиени таткото и синот. Меѓутоа, според полицијата, никој во градот не пријавил какво било пукање во тие моменти.

-Според сознанијата до кои дојдоа полициските службеници од ОВР Прилеп, на фејсбук профил за кој се претпоставува дека е креиран и припаѓа на вујкото П.Ѓ. во 17,10 часот, поставен бил статус со сомнителна содржина каде тој ја прозива својата сестра и внукот (според времето на објавување се претпоставува дека статусот е објавен по убиството на внукот и неговиот малолетен син), објаснуваат од полицијата.

Сопругата на сега убиениот П.Ч. по извесно време се обидела на телефон да ги добие сопругот и синот и откако не можела да ги исконтактира отишла пред куќата на вујкото. На довикувањето никој не одговорил, ама автомобилот на сопругот бил паркиран. Сопругата во 9,20 часот пријавила во полицијата и потоа почнало да се разрешува ужасниот настан.

Првиот обид на полицијата да влезе бил неуспешен. Вујкото фрлил бомба која само испуштила чад, а потоа почнал да пука, на што полицијата возвратила.

Ужасниот настан завршил околу еден часот по полноќ, на помош стигнале и припадниците на единицата Тигри. Во 1,15 часот лекар само констатирал смрт кај три лица. Полицијата во куќата нашла повеќе оружје.

-Во 01,20 часот полициски службеници од ОВР Прилеп во присуство на јавен обвинител извршија увид на ул.„Стеван Апостолоски “ при што од увидот констатирано било дека во куќа со приземје и кат со дворно место пред влезната врата како и во домот беа пронајдени чаури од огнено оружје , како и влезно излезни траги од проектили. Во ходникот на подот пронајдена била и една рачна бомба М93. Исто така на влезот од собата пронајден бил пиштол калибар 9 мм и пиштол калибар 7,65 мм , документи, парични средства како и договори за имот и останати документи.

Јавен обвинител издаде наредба да се изврши обдукција.

Tags: убиство прилеп
Next Post
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ливерпул го одигра првиот натпревар по смртта на Жота

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk