ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Никој со сигурност не може да тврди дека цените на лебот и брашното ќе бидат стабилни, велат мелничарите

July 14, 2025 09:13
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ
Share on FacebookShare on Twitter

Никој со сигурност не може да тврди дека цените на лебот и брашното ќе бидат стабилни, ниту дека пченицата ќе продолжи да се откупува по договорените 12 денари за килограм, велат мелничарите.

Според нив, како што изминува жетвата, така квалитетот на пченицата се повеќе се намалува и станува полош, несоодветен за производство на лебно брашно, па оттука и несоодветен за сегашната откупна цена.

Претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија Горан Малишиќ за МИА истакнува дека во последните 2-3 дена пченицата не ги исполнува условите за човечка исхрана поради што ќе се намали и откупот.

-Откупната цена за меркантилната пченица од замјоделците во цел свет се движи околу 155 до 160 евра. Тоа покажува дека кај нас, секако, како и секоја година, цената е поголема од берзите. Во однос на договорените 12 денари, тие се соодветни на квалитетот на пченицата во почетокот на жетвата, што не значи дека за пченицата со несоодветен квалитет ќе биде таа цена. Во случајов, како изминува жетвата, квалитетот се повеќе се намалува и станува полош, што видено од страна на мелничката индустрија е несоодветен за производство на лебно брашно и е несоодветен за таа цена. На почетокот на жетвата квалитетот беше во ред и задоволителен, но веќе во последниве 2-3 дена, пченицата не ги исполнува условите за човечка исхрана со што ќе се намали и откупот од страна на мелничарите, нагласува Малишиќ во разговор за МИА.

Тој уште еднаш ја нагласува важноста на домашното производство.

-Во Македонија работеа околу 79 мелници кои го хранеа населението, а сега нивната бројка е сведена на 9 до 10. Од нив повеќето функционираат за сопствени потреби (тие што имаат пекарници), а останатите работат со 15 – 20 отсто од својот капацитет. Мора да се носат сериозни, системски одлуки за заштита на домашното производство, а не популистички или од времен карактер кои не нудат никакви решенија, дециден е Малишиќ.

Вкупните потреби за целосно покривање на државата се околу 300 000 тони квалитетна меркантилна пченица.

-Секоја година увозот на брашно се зголемува со што и потребата од пченица, така што, ако не ги заштитиме поледелците и мелничарите, секако Србите ќе не хранат со субвенционирана пченица и брашно, а тоа директно го уништи домашното производство на пченица и брашно. Пред 15-16 години или повеќе максималниот откуп на домашна пченица од мелничката индустрија не беше помал од 160 000 тони, плус некои 120 000 тона имавме од увоз. Сега, тие што останавме во мелничката индустрија, откупуваме според потребите и намаленото производство под притисок на српското брашно од околу 65 000 тона. Остатокот од реколтата завршува или за сопствени потреби на земјоделците, сточарите или за извоз како сточна пченица, нормално. Во овие бурни времиња кои не се смируваат, односно се заоструваат, ние без домашно производство на пченица и брашно не можеме да ги контролираме цените во целост. Министерството за економија притиска за пониски цени, а Министерството за земјоделство за повисоки откупни цени. Од друга страна, тотално увозот ни диктира се и затоа, никој со сигурност не може ништо да тврди, ниту дека цените ќе бидат стабилни. Голем удел во цените се и сите други трошоци – на енергенси, останати материјали, бруто плати,… Народот ни се иселува, продажбата по тој основ ни се намалува, а трошоците ни се зголемуваат. Нема некоја светла иднина за стабилизиција ако продолжиме со овој начин, без план за заштита или раст на продажбата, напоменува Малишиќ., ако соодвествува цената, објаснува Малишиќ.

Според него, сите околни држави на разни начини ја субвенционираат или штитат домашната мелничка индустрија како приоритетна, што кај нас не е случај.

-Ние како индустрија, според отвореноста на пазарот и незаштитата од страна на државата, секако сме нерентабилни.  Сите членки на ЦЕФТА, по формирањето, изнајдоа начини да го заштитат домашното производство од српското брашно, само кај нас тоа е невозможно, па дури и да се изнајде внатрешен начин за да се заштити. Се виде значењето на индустријата во короната и кога почна војната во Украина, кога државите околу го блокираа извозот на брашно, но тоа веднаш се заборави. Проблемот е што кај нас не се носат одлуки од важност за заштита на домашното производство од кое ги собира даноците по сите основи. Секогаш се носат одлуки важни за некои блиски избори, кои систематски не носат никакво решение. Доказ е 15-годишното субвенционирање на домашното земјоделско производство или сточарство кое е во слободен пад. Многу е просто, за да зголемиш домашно производство во поледелство, градинарство или сточарство мора да имаш силна преработувачка индустрија која ќе притиска на пазарот и ќе купува домашна суровина, а во случајов и таа што ја имавме во последните години драстично се намали, објаснува Малишиќ.

Дополнува и дека тие што функционираат, купуваат суровини од увоз, а користат домашни „бенефиции” по разни основи, без никаков услов да купуваат домашни суровини за нивното производство.

-Пример е лебот, секојдневниот производ. Можам да потврдам дека само една голема пекарница користи домашно брашно од домашна пченица со околу 85 отсто од производството. Сите други употребуваат се од увоз, а саркастично, јадеме домашен леб. Годиниве наназад им предложивме на сите влади многу начини како да се смени сето ова за да има раст на домашното производство во преработките или во земјоделството, за да дојдеме до некое решение, но, искрено, никој не мрдна со прст. Еве апел до Владата, до премиерот, да не сослуша и да се зафати со некое решение, нормално за бенефит на БДП-то, буџетот, компаниите, земјоделците и граѓаните, потенцира претседателот на Групацијата.

Потсетува и дека со Грција се уште не се потпишани билатералните договори, за да речеме дека може подобро да настапуваме на тој пазар.

-Одбивме влез без консултација на бизнис заедницата во Европската економска заедница (ЕЕЗ) со што ќе немавме никакви, би рекол, бариери при увоз – извоз од технички причини во земјите од ЕЕЗ. Затоа, повторно апелирам, да има повеќе координација меѓу политиките на Владата и компаниите кои вршат домашно производство, зашто тие ги плаќаат сите даноци и ја држат стабилноста, истакнува Малишиќ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: брашнолебцена

НАЈНОВО

Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари

July 14, 2025

Енормно зголемена потрошувачката на вода во Скопје, можни се рестрикции и намален притисок

July 14, 2025

Меџити на средба со шефот на СЗО Али: Животната средина е клучна за здравјето и благосостојбата на граѓаните

July 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп – Градско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Објавена причината за смртта на актерот Џулијан Мекман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk