ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Њујорк Тајмс: Како судирот на Трамп со Харвард може да влијае на науката во светот

July 14, 2025 12:45
in ДЕНЕС, СВЕТ
Трамп рејтинг

Фото: ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Универзитетите се лесна цел за десничарските популисти. Анкетите покажуваат дека многу Американци ги сметаат за премногу либерални, премногу скапи и премногу елитистички, и тоа не е сосема без причина. Но, борбата меѓу администрацијата на Трамп и Харвард е нешто повеќе: таа стана тест за способноста на претседателот да ја наметне својата политичка агенда на сите 2.600 универзитети во САД. Студентите, професорите и научниците го чувствуваат притисокот, а тоа би можело да ја поткопа доминантната позиција што американската наука ја ужива со децении, пишува Њујорк Тајмс.

Европските земји се додворуваат на научниците во САД, нудејќи им „научно засолниште“ или, како што рече еден француски министер, „светлина во темнината“. Канада привлече неколку истакнати американски академици, вклучувајќи тројца постојани професори од Јеил кои студираат авторитаризам и фашизам.
Австралискиот стратешки институт го опиша овој момент како „можност за прилив на мозоци што се случува еднаш во векот“.

Во средината на 20 век, Америка од многумина беше сметана за бенигна сила, посветена на научната слобода и демократија. Таа ги привлече најдобрите мозоци кои бегаа од фашизмот и авторитаризмот во Европа.

Денес, најголем корисник би можеле да бидат Кина и кинеските универзитети, кои со години се обидуваат да регрутираат научни таленти од светска класа. Сега, Трамп одработува за нив. Еден показател за успехот на кампањата на Кина за привлекување на најдобрите и најпаметните е Африка, најмладиот континент во светот. Африканците учат мандарински јазик во сè поголем број. Речиси двојно повеќе студираат во Кина отколку во Америка.

Може ли Америка да ја прокоцка својата научна супериорност во служба на идеологијата? Тоа се случило и претходно. Под нацистите, Германија ја изгуби својата научна предност во однос на Америка за само неколку години., анализира Њујорк Тајмс.

Преземено: Цивил Медиа

Next Post
Фото: Мицкоски ФБ

Мицкоски: Понудите за брзата пруга се доверливи, ќе ја прифатиме најдобрата

Shortcut

Најново

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk