Македонскиот боксер Арабел Рустемовски го освои бронзениот медал на Европското јуниорско првенство кое се одржува во српскиот град Нови Пазар.
Рустемовски се закити со одличје во категоријата до 52 килограми, извојувајќи две победи над Русинот Денис Мисиук и Србинот Теодор Јосијевиќ, и во двете борби убедливо со 5-0.
Во борбата за влез во финалето, членот на боксерскиот клуб „Пелистерски јунак“, загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија со резултат 4-1.
На Европското јуниорско првенство во бокс, кое од 7 до 18 јули се одржува во Нови Пазар, настапија и репрезентативните колеги на Рустемовски, Сонер Ајрушов, во категоријата до 54 килограми, Петар Трајчески (48 килограми), Алберт Ибрахими (63 килограми) и Ануар Имери (57 килограми).