Македонскиот фудбалски првак Шкендија вечерва од 20 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје го пречекува велшки ТНС во реванш натпревар од 1. квалификациско коло во Лигата на шампиони (ЛШ).
Пред една недела на гостински терен, Шкендија одигра без голови во натпревар во кој двете екипи не реализираа неколку идеални шанси за гол.
Победникот од вечерашниот дуел за противник во 2. Квалификациско коло ќе го има поуспешниот од пресметката меѓу романски ФЦСБ и Интер од Андора. Првиот натпревар во Романија заврши со победата на домаќинот од 3-1.
Во случај, пак, на елиминација, фудбалерите на Шкендија ќе го продолжат настапот во 2. квалификациско коло во Конференциската лига во кое ќе играат против победникот од пресметката меѓу Дрита од Косово и Диферданж од Луксембург.