ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицкоски: По година од најавата се остварува најголемата инвестиција од половина милијарда долари, која ќе произведува еден терават електрична енергија

July 16, 2025 14:47
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: Мицкоски ФБ

Фото: Мицкоски ФБ

Share on FacebookShare on Twitter

По една година од најавата за изградба на најголемиот ветерен парк во земјава денеска во близина на штипското село Љуботен беше поставен камен темелникот за изградбата на првата ветерница. Премиерот, Христијан Мицкоски во својот говор посочи дека  после нешто повеќе од една година, тоа што тогаш го ветиле заедно со компанијата и инвеститор, денеска добива завршница на првата фаза.

-Тоа беше практично вториот ден од изборот на тогашната нова Влада кога заедно со Даниел и со неговите соработници најавивме инвестиција во делот на обновливата енергија во вредност од половина милијарда долари, којашто ќе произведува отприлика 1Tw електрична енергија годишно и дека тоа ќе биде инвестиција којашто ќе биде практично драјвер и модел како треба во иднина да се движиме, рече премиерот Мицкоски.

Тој посочи дека таков беше почетокот, а крајот на годината беше историски за нас како држава, бидејќи како што рече, прв пат ја надминавме бројката од една милијарда евра странски директни инвестиции.

– Дојдовме до бројка од 1.255.000.000 евра директни странски инвестиции во таа 2024 година, што за нас претставуваше пријатно изненадување, но и потврда дека се движиме во правилна насока, а тоа беше еден од оние почетни индикатори, бидејќи работите не доаѓаат веднаш и не доаѓаат бргу. Ќе треба малку повеќе време за да се почувствуваат, но добро е кога првичните индикатори се добри. Работевме оваа година дена заедно со „Алказар Енерџи“ за да крајот на јуни го направиме овој настан којшто го правиме денеска на 16 јули, наведе Мицкоски.

Премиерот, Мицкоски истакна дека на инвеститорот му се извинил што доцна три недели со инвестицијата, но како што рече „но мислам дека тука доцнењето е заедничко и како што кажа Даниел во неговиот говор дисциплината е секогаш најважна“.

-Ако нема дисциплина и јасна поставена структура на еден проект, нема ништо. Тогаш ќе почне да ви се распаѓа сето она коешто го градите и на крајот нема да стигнете до посакуваната цел, а нашата посакувана цел беше денешниот камен темелник. Имаме уште многу идеи како оваа инвестиција може да додаде уште поголема вредност и да биде уште позначајна и за компанијата инвеститор и за нас како држава, но тоа ќе го разговараме во некоја следна фаза, додаде Мицкоски.

Тој во своето обраќање на почетокот на изградбата на ветерниот парк, кој ќе биде најголем на Западен Балкан, а се простира на територија на општините Штип, Радовиш и Карбинци потенцираше и како Влада се сериозно посветени на економијата, бидејќи силно верува дека како држава имаме огромен потенцијал и тој потенцијал коишто го имаме и како Влада и како човечкиот потенцијал со којшто располага државата може да не одведе со гигантски чекори напред и тоа го правиме и такви се првичните индикатори од оваа година.

– За нас гигантски, за разлика од чекорењето наназад изминативе седум години, резултатите и индикаторите на почетокот на оваа година, првиот квартал, првите пет месеци, па би рекол и првите два квартали, односно првата половина од годината чекориме со гигантски чекори напред, рече Мицкоски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: инвестицијаМицкоски
Next Post

Тошковски: Македонија е далеку побезбедна од тоа што беше пред две години

НАЈНОВО

Фабриката „Винчини“ во Виница зафатена од пожар

September 6, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ на протест во Кочани: Бараат правда и брза судска одлука

September 6, 2025

Малолетник се сомничи за обид за убиство на таткото

September 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија со вмро е како проститутка на масажа во салонот на Мевосекот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски и Дарио Панковски: На 13 Септември голем концерт во Паркот на франкофонијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Бујар Османи: Или сме во ЕУ, или стануваме дел од српско-рускиот свет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европратениците пристигнаа во Србија и брзо ја напуштија земјата: „Вучиќ не навредуваше и ни се закануваше“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk