ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

За пожарите досега приведени околку 20 лица, за дел има основани сомненија дека се организирана група, вели Тошковски

July 16, 2025 13:22
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ХРОНИКА

Државата годинава покажува дека можело многу поинаку да се даде одговор на сите предизвици со пожарите. Согласно она што го имам денеска како информација во рамки на оперативна акција преземена во врска со пожарите досега се лишени од слобода околку 20 лица. Дел беа во куќен, дел во ефективен притвор, а дел пуштени на слобода поради тоа што беа малолетници, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

МВР, нагласи Тошковски има директни докази дека дел од пожарите се подметнати, а имаме и соодветни докази поврзани со организирани структура.

-Оние кои што беа пиромани и кои индивидуално постапуваа во рамки на палење на пожари ги фативме. Не сите, но фативме добар дел од нив. Но оние кои што организирано, особено првиот ден кога настанаа огромен број пожари околу Скопје и имаше многу симптоматична и временска и подрачна појава на пожарите околу витални објекти од значење на државата, во однос на тие пожари имаме основани сомненија дека станува збор за организирана група која што ќе видиме понатаму која и била целта, изјави Тошковски, одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Меморандум за соработка со Црвениот крст.

Според Тошковски Владата навреме презеде мерки и донесе наредба за забрана за движење во шуми и има ефекти, без разлика, што како што вели „ова лето е можеби најжешко од аспект на сувост на вегетацијата“ и дека граѓаните тоа може да го видат.

-Мислам дека одговорот што го имаме е далеку поразличен од тоа што државата го имала како одговор во минатото и тоа е видливо на терен. Видливо на терен е од аспект на сили кои што ги имаме, од аспект на механизација и дејствија што ги презема Владата, навреме донесе забрана за движење во шуми и сето тоа дава резултат за разлика од претходно, изјави Тошковски.

Целта на МВР, нагласи Тошковски, е да покаже дека државата навистина функционира и дека институциите за разлика од порано си ја работат работата, дека луѓето се посветени на тоа што им е работа и дека навистина сакаме да изградиме Македонија која ќе биде не само територијално дел од ЕУ и европските вредности, туку Македонија која ќе биде суштински со европски вредности во рамки на секојдневното функционирање.

-Не е битно што говорат политичарите, колку што се битни се делата на институциите. Тоа е она што треба да биде видливо и да даде додадена вредност за државата. Доколку институциите остават дела зад себе, од аспект на функционалност, професионалност и навременост, тогаш сите македонски граѓани подобро ќе се чувствуваат и ќе имаат подобар живот во Македонија, изјави Тошковски.

Tags: повреденипожар
Next Post

Со докази од Скај комуникација откриен шверц на кокаин

НАЈНОВО

Вучиќ: Најголемата вредност на Србија е нејзиниот народ и затоа мора да разговараме

September 1, 2025

Македонскиот политички кампус во пресрет на локалните избори: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во вечен судир на спротивставени наративи

September 1, 2025

МОН посакува успешна учебна година за сите ученици и наставници

September 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марс – мистерии, мисии и идни патувања на Црвената планета

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поглавицата легнува со жена, се буди со коњска глава, ја бакнува и оди на работа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk