Полициски службеници од СВР Битола, во координација со Јавното обвинителство, ја лишиле од слобода 67-годишната И.Д. од Битола, вработена во Клиничката болница Битола, поради сомнение за примање поткуп, дело казниво по член 357 од Кривичниот законик.
Според информациите на МВР, акцијата уследила по претходно добиени оперативни сознанија и пријава поднесена истиот ден во СВР Битола. Полицијата извршила претрес во службените простории што ги користела осомничената, како и личен претрес, при што биле пронајдени пари за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од кривичното дело.
Против И.Д. е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Битола.