ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЕУ го одобрија 18-от пакет санкции кон Русија

July 18, 2025 17:54
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки на ЕУ (Корепер) денеска го усвои 18-ти пакет санкции кон Русија, поврзани со нејзината инвазија врз Украина.

– ЕУ го одобри еден од своите најстроги пакети санкции против Русија досега. Секоја санкција ја ослабува способноста на Русија да води војна, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас по повод усвојувањето на пакетот санкции.

Според неа, со ова ЕУ испраќа јасна порака дека нема да се откаже од својата поддршка за Украина.

– ЕУ ќе продолжи да го зголемува притисокот се додека Русија не ја заврши својата војна, додаде Калас.

Овој 18-ти пакет економски и индивидуални рестриктивни мерки е насочен кон санкционирање на енергетскиот, банкарскиот и воениот сектор на Русија и руската трговијата со ЕУ, како и кон одговорните за продолжувањето на воената агресија врз Украина.

Целата на овој пакет санкции, според ЕУ, е зголемување на притисокот врз Русија за постигнување праведен и траен мир за Украина.

Со мерките се намалува максималната цена за увезената руска нафта од сегашните 60 на 47,6 американски долари за барел, на 105 бродови за кои постојат сомнежи дека се користат за шверц на руски стоки опфатени со санкции им се забранува пристап до пристаништата во ЕУ и се забранува транзит преку гасоводите Северен поток 1 и 2, како и увоз на деривати од руска нафта произведени во која било трета земја, со исклучок на Велика Британија, Канада, Норвешка, САД и Швајцарија.

Дополнително се прошируваат забраните за финансиски и банкарски услуги и за трансфери на крипто валути со субјекти од Русија и се воведуваат санкции кон компании од Кина, Хонг Конг и Турција поради продажба на стоки и технологии со двојна употреба на руски субјекти, што би можеле да се користат за зајакнување на рускиот одбранбен и безбедносен сектор.

Со новите марки, на листата на санкционирани поради активности со кои се поткопуваат или загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитетот и независноста на Украина, се додадени уште 14 поединци и 41 субјект одговорни, со што вкупниот број на физички и правни лица опфатени со санкции се искачи на над 2500.

Усвојувањето на 18-от пакет санкции беше на дневниот ред на заседанието на Советот за надворешни работи на ЕУ во вторникот, но шефовите на дипломатиите не успеаја да постигнат консензус за негово одобрување поради противењето на Словачка.

Ваквата своја позиција, Словачка ја правдаше со загриженост околу снабдувањето со руски гас и бараше дополнителни гаранции од Европската комисија.

Сепак, словачкиот премиер Роберт Фицо вчера соопшти дека им наложил на своите претставници да ги одобрат мерките, нагласувајќи дека натамошното блокирање на санкциите би било „контрапродуктивно“ за интересите на Словачка како членка на ЕУ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЕУРусијасанкции
Next Post

Рама: Секојдневно се соочуваме со кибер-напади од Иран

НАЈНОВО

Скриншот

Трамп разгледува нови санкции против Русија

September 7, 2025
Папа Лав XIV Фото: Скриншот

Папата прогласи прв светец од Милениум генерацијата, 15-годишник компјутерски специјалист

September 7, 2025

Две тепачки пред угостителски објект во Скопје, приведен 18-годишен скопјанец кој се заканувал со пиштол

September 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сензација на Евробаскет: Финска ја елиминира Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европратениците пристигнаа во Србија и брзо ја напуштија земјата: „Вучиќ не навредуваше и ни се закануваше“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија со вмро е како проститутка на масажа во салонот на Мевосекот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски и Дарио Панковски: На 13 Септември голем концерт во Паркот на франкофонијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk