Сообраќајна несреќа се случи утрово, околу 10:35 часот, на автопатот Куманово – Скопје, во близина на хотелот „Белви“.
Како што соопшти МВР, во сообраќајната несреќа учествувале товарно моторно возило „ивеко“ со скопски регистарски таблички, управувано од С.Д. (54), патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски таблички, управувано од Д.Р. (31) и патничко моторно возило „голф“ со кумановски регистарски таблички, управувано од С.А..
Со возило на Итна медицинска помош С.А. е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на помош. Увидот е во тек, а сообраќајот во тој дел кон Скопје се пренасочува зад бензиската пумпа