Четиригодишната Разан Абу Захер почина во болница во централна Газа од компликации предизвикани од глад и неухранетост, според медицински извор. Нејзиното скелетно тело било положено на камена плоча, пренесе Си-Ен-Ен.
Најмалку 76 деца во Газа починале од неухранетост од почетокот на конфликтот во октомври 2023 година, како и десет возрасни, соопшти палестинското министерство за здравство. Според Светската здравствена организација, повеќето од нив се случиле откако израелските власти воведоа блокада на почетокот на март.
Разан беше едно од најмалку четирите деца што починаа во последните три дена, а најмладото само три месеци. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 18 смртни случаи поради глад во Газа, соопшти Министерството за здравство, што одразува продлабочување на кризата на територијата, пишува Си-Ен-Ен.
Израел соопшти дека ги запира пратките на помош во Газа затоа што Хамас краде и профитира од неа – тврдење што Хамас го негира. Израелските агенции, исто така, велат дека Обединетите нации не ја подигнале помошта подготвена да влезе во Газа. ОН, пак, соопшти дека израелските сили честопати одбиваат да дадат дозвола за преместување на помош во Газа и дека многу повеќе чека да биде дозволено да влезе.
Д. Т. / Цивил Медиа