ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филозофот Мицкоски

July 21, 2025 13:54
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Од интервјуто што го даде премиерот Христијан Мицкоски за Канал 5 на 17 јули не очекував ама баш ништо посебно, но морам да признам, ме изненади со едно признание. Ќе набројам само неколку поенти, со забелешка дека дел од овие констатации се однесуваат на неговите јавни настапи воопшто.

Ајде прво за општите впечатоци кои воопшто не се изненадувачки.

Ако не навлеземе во длабочината, тогаш ќе останеме на површината – гласи неговиот прв став во интервјуто. Каква филозофска позиција! Освен што е прецизен математичар, тој сè почесто се прославува и како филозоф.

Океј, ајде малку посериозно…

Мицкоски е еден од оние ликови што во секоја прилика се трудат да остават впечаток на самоувереност и непоколебливост. Многу се труди да ја увери публиката дека знае (за) што зборува, дека е подготвен и дека има идеја што понатаму. За жал, повнимателна анализа на тоа што го зборува и начинот на кој се изразува – ќе го открие обратното по сите три основи: не знае (за) што зборува, ни оддалеку не е подготвен и не покажал дека има идеја што треба да се направи по некое прашање, ниту во краток, ниту на долг рок (тоа па ич).

Очигледно, на Мицкоски му е доволно што има некаков став, за кој не знаеме дали е негов или му е нарачан. Од неговите јавни настапи не може ни да се насети дека има некаков план за клучни прашања, а за стратегија и да не говориме.

Не знам како јавноста не е шокирана, бидејќи Мицкоски во интервјуто самиот открива еден скандалозен податок – потврди дека токму тој има заслуги идентитетските прашања да бидат дел од предлог-извештајот на Европскиот Парламент за Северна Македонија. Дали тоа беше колосален гаф или намерно преземање заслуги за нешто што е тотално излишно, сега не е ни важно, а во политичка смисла на зборот сигурно е наивно да се признае такво нешто. Во секој случај, оваа „идентитетска операција“ одлично му оди во прилог, бидејќи самиот извештај содржи голем број констатации што ни оддалеку не зборуваат добро за земјата, а уште помалку за владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и неговото како премиер.

Последиците од оваа „грешка“ со манипулирање на прашањето за македонскиот идентитет, затворено пред 80 години, веќе се видливи, а допрва ќе се продлабочуваат.

Мицкоски е груб во својот настап и во еден момент дури и го навреди својот домаќин, дисквалификувајќи го како глупост неговото прашање за тоа дека внесувањето на бугарското малцинство само по себе значи признание на посебноста.

Тој ја навредува и интелигенцијата на македонските граѓанки и граѓани со своето – далеку од вешто – избегнување да одговори на сите важни прашања. Накратко – лош настап на целосно неподготвен популист, чија единствена потреба е да го сврти вниманието од тешките прашања со тоа што ќе предизвика тензии и поделби врз основа на непостоечки или одамна решени идентитетски прашања.

Тој веќе не се труди да го скрие својот антиевропски став, иако не пропушта да каже дека се залага за влез на земјата во ЕУ. „Ќе бидеме најдобриот ученик во класот“ е ветување што обично го дава лош ученик.

Дека се работи за добро разработен пропаганден план да се занемарат и да се задушат сите теми важни за луѓето и за државата, да се кренат тензиите со Бугарија, а секако и да се предизвикаат тензии и внатре во земјата – по политички и етнички основи – може да се заклучи и од споменатото интервју, но и од настапите на високи партиски функционери.

Прво, го слушнавме повторувањето на повикот за „заедничка резолуција“ на Бугарија и Македонија и преку прес на Антонио Милошоски. Еден ден подоцна, Миле Лефков на прес ја обвини Бугарија – НАТО сојузник – за хибридни операции, што е само друго име за хибридна војна.

Затоа, и по ова интервјуто на Мицкоски и настапите на владејачката партија потоа, време е и најголемите ЕУ оптимисти да се збогуваат со европската иднина на Нашата земја, како што властодршците упорно ја нарекуваат Македонија во јавноста. Од никогаш Северна, испадна никогаш Македонија – но тоа е друга приказна. Патриотска.


Текстот е личен став на Авторот.
Tags: ДералаМицкоски
Next Post

СДСМ: Театарот на Мицкоски за „внатрешни непријатели“ е обид да се сокрие вистината за бугарските пасоши

НАЈНОВО

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

Грција со 16,7 милијарди евра приходи од туризам до август, раст од 12%

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk