ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

July 21, 2025 13:00
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Академик Катица Ќулавкова остро реагираше на предлогот за заедничка резолуција меѓу Македонија и Бугарија за потврда на македонскиот јазик и идентитет, инициран од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски. Таа предупреди дека таквата иницијатива претставува загрозување на веќе стекнатиот статус на македонскиот јазик и идентитет и повика на институционална воздржаност од вакви, како што вели, политички импровизации.

„Предлогот за заедничка резолуција на Македонија со Бугарија за потврда на македонскиот идентитет и јазик, сугериран од г. Антонио Милошоски, ја загрижува македонската научна и културна јавност и во никој случај не би требало да се процесуира официјално од македонските државни институции,“ вели Ќулавкова.

Во објава на социјалните мрежи, Ќулавкова нагласува дека македонскиот јазик има:

  • „свој историски континуитет и развој, свој дијалектен систем, своја кодификација, свои предкодификации и признанија во текот на многувековната историја“;

  • „признавање во меѓународната лингвистика и славистиката“;

  • „официјално признание од ОН уште од нивното основање“;

  • „широка меѓународна поддршка од држави и асоцијации како Меѓународниот ПЕН“;

  • „илјадници преводи на македонски и од македонски јазик“;

  • „заштита преку Преспанскиот договор“;

  • „официјален статус во поранешна Југославија и независна Македонија“;

  • „мрежа на лекторати и призната научна дисциплина – македонистика“.

Затоа, според неа, барањето на заедничка резолуција со соседна Бугарија за признавање на македонскиот јазик „е еден вид ‘руски рулет’ за Македонија, крајно неодговорен чин.“

Академик Ќулавкова предупредува и дека:

„Билатералните политички спорови треба да си останат локални, билатерални и политички, а не да им се даде шанса да го загрозат статусот кој веќе е стекнат по сите основи.“

Во заклучок, таа апелира Владата да ги поддржи постојните научни институции:

„Подобро е македонската Влада да ги поддржи како стратешки приоритетни научните проекти за македонскиот јазик на МАНУ, Институтот за македонски јазик и др. институции, да ги стимулира младите да го изучуваат и да се вработуваат соодветно, да ја шири и подобри мрежата на лекторати по македонски јазик и др. и да не дозволи импровизација со политички партии, групации и лоби групи во ЕП.“

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски изјави: Ако проблемот се само Бугарите во Уставот, ајде да поднесеме заедничка резолуција во ЕП за македонскиот идентитет и јазик

Ако Бугарија тврди дека проблемот, на отпочнувањето на преговорите со ЕУ, се само Бугарите во Уставот, предлагаме да поднесеме заедничка Резолуција во ЕП со која што ќе се потврди самобитноста на македонскиот идентитет и јазик, изјави Милошоски.

Тој рече дека „Претседателот на Владата, Мицкоски, ја даде оваа отворена понуда до бугарскиот претседател Румен Радев и до нивната влада.

„Доколку пречка за македонските евроинтеграции е само внесувањето на Бугарите во Уставот, тогаш не би требало да биде никаков проблем заедно со соседна Бугарија, да поднесеме резолуција која ќе ја гарантира македонската идентитетска и јазична посебност, а истовремено ќе ја зголеми и довербата помеѓу Македонија и Бугарија. Уште веднаш, можеме да поднесеме заедничка резолуција, да ја зацврстиме меѓусебната соработка на овој план и да го решиме проблемот за отпочнувањето на европските интеграции. Понудата која што е дадена од премиерот Мицкоски, е отворена’, истакна Милошоски.

Ј. Ѓ.

Tags: Антонио МилошоскиКатица Ќулавковамакедонски јазик
Next Post
Елка Јачева Улчар. Фото: скриншот

Јачева-Улчар за предлогот од Милошоски: Потенцијална стапица под маската на европското решение

НАЈНОВО

Калас по самитот за Западен Балкан во Лондон: Прозорецот за проширување на ЕУ сега е широко отворен

October 23, 2025

Кон крајот на денот и во текот на ноќта повремен локален дожд

October 23, 2025
Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk