Најмалку 1.062 лица загинаа во Иран за време на 12-дневната војна со Израел минатиот месец, соопшти денеска портпаролката на иранската Влада Фатеме Мохаџерани, повикувајќи се на официјални податоци.
Меѓу жртвите има 102 жени и 38 деца.
Конфликтот започна на 13 јуни со израелски напад врз Иран, при што беа убиени високи воени функционери и научници поврзани со иранската нуклеарна програма. САД се приклучија на офанзивата на својот сојузник, напаѓајќи три ирански нуклеарни постројки во ноќта меѓу 21 и 22 јуни.
Во одговор, Иран изврши ракетни напади врз израелска територија.
Војната дополнително ги влоши тензиите на Блискиот Исток и предизвика меѓународни апели за воздржаност и итен прекин на огнот.