Последното ново име во таборот на Ливерпул е Уго Екитике, кој дојде од Ајнтрахт Франкфурт.
Meдицинските прегледи, и медиумските активности околу објавувањето на трансферот, како што пишува Macedonian Reds, се закажани за утре. Потоа Екитике ќе отпатува во Хонг Конг, каде ќе му се приклучи на тимот во претсезонските подготовки. Екитике ќе потпише 6 годишен договор со Ливерпул. Цената на трансферот е 69 милиони фунти со дополнителни 10 милиони фунти во клаузули за тимски и индивидуални достигнувања.
На почетокот на преодниот рок Ливерпул ги донесе: Флориан Вирц, Џереми Фримпонг и Милош Керекез, кои веќе се со клубот на подготовки.
Шампионот на Премиер лигата е максимално активен овој преоден рок.
Освојувањето на 20.та титула во Англија на импресивен начин ги зголеми амбициите на Ливрепул и менаџерот Арне Слот. Основна цел е одбраната на титулата, а од страна на „црвените“ веќе има интерес за играчот на Олимпик Лион, белгискиот интернационалец Малик Фофана. Не се исклучува и рекорден трансфер на Александер Исак од Њукасл во Ливерпул, а се спомнува и Родриго од Реал Мадрид. Тимот можно е да го напуштат Дарвин Нуњез и Луис Дијаз.
Ј. Ѓ.