Водителот на „The Daily Show“, Џон Стјуарт, им порача на Си-Би-Ес – „Одете е*ете се“ за време на неговото прво емитување откако Стивен Колберт објави дека „The Late Show“ нема да се врати по мај 2026 година, пренесува Си-ен-ен.
Некои критичари тврдеа дека откажувањето на емисијата на Колберт е обид да се олесни посакуваното спојување на матичната компанија со Skydance Media. CBS рече дека одлуката е „чисто финансиска“.
Според ЛА Тајмс, откажувањето доаѓа откако Колберт ја критикуваше матичната компанија на мрежата, Paramount Global, за решавање на тужбата поднесена од Трамп минатата година во врска со монтажата на интервјуто во „60 Minutes“ со Камала Харис. Колберт ја нарече спогодбата од 16 милиони долари „голем поткуп“ во понеделник вечерта, истакнувајќи дека Paramount чека федерално одобрение за неговото спојување од 8 милијарди долари со Skydance Media.
Претседателот Трамп на својата социјална мрежа Truth social го прослави откажувањето на емисијата „The Late Show“ на Стивен Колберт на CBS – и бара да бидат отпуштени уште повеќе водители на доцните вечерни емисии.
„Апсолутно ми се допаѓа што Колберт беше отпуштен. Неговиот талент беше дури и помал од неговата гледаност“, напиша Трамп во петокот наутро на Truth Social. „Слушнав дека Џими Кимел е следен. Има уште помалку талент од Колберт!“
Трамп побара отпуштање на Колберт во септември.
Д. Мишев / Цивил Медиа