Најмалку осум лица – петмина цивили и тројца напаѓачи – загинаа денеска во терористички напад на судска зграда во југоисточен Иран, соопшти локалното правосудство.
„Непознати вооружени лица нападнаа судски центар во Захедан“, наведоа правосудните власти, додавајќи дека во нападот загинале пет лица, а 13 се ранети.
Според државната новинска агенција ИРНА, убиени се и тројца од напаѓачите.
Градот Захедан е главен град на провинцијата Систан и Белуџистан, регион што се граничи со Пакистан и Авганистан.
Во меѓувреме, сунитската екстремистичка група Џаиш ал-Адл ја презеде одговорноста за нападот.
Систан-Балуџистан, провинција во југоисточен Иран која граничи со Пакистан и Авганистан, е населена претежно со сунитското малцинство Балуџи. Жителите долги години се жалат на политичка маргинализација и економска запоставеност.
Во регионот се чести судири меѓу безбедносните сили и вооружени групи, меѓу кои и екстремисти и сепаратисти. Иранските власти редовно ги обвинуваат овие групи за врски со странски сили и вмешаност во шверц и вооружени бунтови.