ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Нашиот ансамбл „Консонанс“ со концертот „Мозаик“ вечерва на „Охридско лето“

July 27, 2025 14:26
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

На програмата на „Охридско лето“ вечерва е одржина од музичкиот дел, со концертот „Мозаик“ на македонскиот ансамбл „Консонанс“ и уметниците Елена Дојчинова на флејта, Маја Чанаќевиќ на англиски рог, Здравко Ангелов – кларинет, Сашко Темелкоски – бас кларинет и Дарко Илиевски на хармоника.

Ансамблот „Консонанс“, основан во 2007 година, е истакнат ансамбл кој на своите почетоци беше составен исклучиво од дрвени дувачки инструменти, но денес во својот состав вбројува и други инструменталисти кои го збогатуваат звукот на овој ансамбл. „Консонанс“ е посветен на изведбата на камерна музика истражувајќи ги огромните можности, пред сè, на дрвените дувачки инструменти кои го сочинуваат „Консонас“, а тоа се: флејта, кларинет, англиски рог, бас кларинет, како и останатите инструменти вклучени најчесто како концертни гости.  Ансамблот го сочинуваат членовите од Македонската филхармонија и тоа: Здравко Ангелов – кларинет, Маја Чанаќевиќ – англиски рог, Сашко Темелкоски – бас кларинет и Елена Дојчинова – флејта, како и композиторот и акордионист Дарко Илиевски. Сите овие музичари со долгогодишно искуство подеднакво се посветени на оркестарската, соло и камерната музика.

Здравко Ангелов го оформува своето музичко образование на ФМУ во Скопје. Добитник е на бројни награди, а како прв кларинетист, солист во оркестарот на Македонската филхармонија, настапувал многупати во улогата на солист во Македонија и надвор од неа. Своето долгогодишно искуство го гради посветувајќи се на изведба на различни музички жанрови, од кои класичната музика зазема најзначајно место.

Маја Чанаќевиќ е обоист и солист на англиски рог во Македонската филхармонија која долги години покрај негувањето на оркестарското музицирање, активно настапува и како камерен музичар и солист. Настапувала во Македонија и надвор од неа. Покрај активното музицирање, таа дејствува и на полето на музичкиот менаџмент.

Елена Дојчинова е прва флејтистка во Македонската филхармонија. Музичкото образование го завршува во Скопје, а се усовршува работејќи со еминентни флејтисти надвор од нашата држава. Посветена на солистичкото и камерно музицирање, концертира заедно со различни ансамбли во Македонија и надвор од неа.

Сашко Темелковски е кларинетист и бас кларинетист во Македонската филхармонија. Еден од основачите на „Консонанс“, кој заедно со своите колеги активно дејствува во полето на оркестарската и камерната музика. Член е и на Оркестарот на Фамес, каде се занимава со професионално снимање на филмска музика.

Дарко Илиевски дипломира на ФМУ и магистрира на отсекот за сонологија на истиот факултет. Од 2013 година е дел од ансамблот „Танец“, каде од 2020 година е уметнички раководител на оркестарот. Својата музичка дејност ја надополнува како автор, композитор и аранжер во повеќе музички жанрови.

„Консонанс“ како ансамбл има настапувано на најпрестижните национални фестивали и настани во Македонија, како и во Црна Гора, Бугарија, Хрватска и САД. Ансамблот има издадено и еден носач на звук.

За концертот на „Консонанас“ е резервирана сцената во „Света Софија“ од 21 часот.

Tags: „Охридско лето“
Next Post

Американскиот пливачки тим има епидемија на акутен гастроентеритис

EVN

НАЈНОВО

Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk