Корисниците на ChatGPT можеби треба да размислат двапати пред да се свртат кон својата ВИ (вештачка интелигенција) за терапија или емоционална поддршка. Според извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, индустријата за вештачка интелигенција сè уште нема пронајдено начин како да ја заштити приватноста на корисниците кога станува збор за вакви почувствителни разговори.
„Луѓето го користат — особено младите — како терапевт, зборуваат за проблеми во врски и прашуваат: ‘што да направам?’ А во моментов, ако зборувате со терапевт, адвокат или доктор за тие проблеми, постои правна заштита. Постојат доверливост меѓу доктор и пациент, правна доверливост итн. Но, тоа сѐ уште не сме го решиле кога зборувате со ChatGPT.“ Ова, може да создаде проблем со приватноста во случај на судски процес, бидејќи OpenAI денес би била законски обврзана да ги предаде тие разговори, кажа Алтман.
Редакција Фронтлајн