Пишвуа: ДРАГАН МИШЕВ
Утрово, споменикот на контроверзниот ликвидатор на ВМРО, кој си го убил и сопствениот брат, Андон Лазов-Ќосето, со кама в раката ги поздрави Скопјани од кружниот тек кај хотел „Континентал“, каде што беше поставен шверцерски, во текон на ноќта, од страна на градоначалничката Арсовска, како остварување на ветувањето дадено неколку месеци по стапување на функцијата.
Дека сите други ветувања ги оствари, Скопје блеска, граѓаните се возат во нови климатизирани еколошки автобуси, па и остана само враќањето на Ќосето.
Контроверзниот споменик од пред комплексот судови каде беше поставен во времето на градоначалникот Коце Трајановски, го отстрани претходниот градоначалник Петре Шилегов во февруари 2018 година, откако беше востановено дека е дивоградба.
Одлуката за враќање на споменикот беше донесена со одлука од Советот на Град Скопје во декември 2023 година, за која се сплотија советниците на ВМРО-ДПМНЕ со градоначалничката Данела Арсовска, додека се препукуваа меѓусебно во јавноста, и не (сакаа) можеа да изгласаат одлуки кои се од интерес на граѓаните.
Дополнително, дали со тајмингот на враќање на споменикот на Ќосето, кој беше дивоградба, градоначалничката Арсовски им испраќа суптилна порака на премиерот Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН.
Преземено: Цивил Медиа